Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Одложено рочиштето за „Адивит“ за милионските злоупотреби во ЕСМ

Кривичниот суд го одложи рочиштето за милионските злоупотреби во ЕСМ со набавката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кривичниот суд го одложи рочиштето за милионските злоупотреби во ЕСМ со набавката на адитиви за државните електрани. Од судот информираат дека главната расправа, претходно закажана за денеска и за 11 јули, се одложува за 16 јули во судницата во Идризово.

Неизвесно е дали ќе има промена во судечкиот совет за овој предмет, со оглед на тоа дека главниот судија Даниела Димовска од минатата недела беше назначена за в.д. претседател на Кривичниот суд.

Инаку, во предметот „Адивит“ се опфатени 33 физички и пет правни лица. Според обвинителството, тие се здружиле за да се збогатат на сметка на државата, иако таа добро ги плаќала и им дала доверба да водат еден од најважните сектори – производството на струја.

Реклама

Обвинителството ќе докажува дека групата, на чело со поранешните директори на ЕСМ, Васко Ковачевски и Васко Стефанов, и раководните структури во РЕК Битола, ТЕЦ Неготино и ТЕЦ Осломеј, преку пререгистрација на фирми и договарање меѓу економски оператори, местеле тендери за набавка на адитиви за јаглен. Адитивите биле плаќани неколкукратно поскапо, а не само што не се користеле, туку биле и опасни по здравјето на луѓето.

Досега сите обвинети негираа вина, а првообвинетиот Ковачевски е во бегство.