Реклама
Македонија

Манасиевски: Молкот не ги спасува, СДСM и Филипче бараме итно да се оградат од тешките навреди на Фрчкоски кон македонскиот народ

СДСM и Филипче не се оградија од ставот на Фрчкоски дека Македонците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM и Филипче не се оградија од ставот на Фрчкоски дека Македонците ништо не направиле за својата држава, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој го навреди македонскиот народ, изјавувајќи цитирам: ,,Ако зборуваме за Македонците со три пива пред гранап, тoa сe Македонци кои ништо не направиле за својата држава”. Љубомир Фрчкоски е идеолог на СДСM и советник на Венко Филипче. Нивен поранешен функционер. Ваквите навреди СДСM не ги коментираше, ниту пак се огради. Дали тоа значи дека СДСM како Љубомир Фрчкоски смета дека Македонците не направиле ништо за својата држава? Дали и Венко Филипче смета исто како неговиот идеолог Фрчкоски, дека Македонците се народ со три пива пред гранап, кои не направиле ништо за својата држава? Ова е анационална и безобразна политика на СДСM. Да потсетиме Фрчкоски е човекот кој како конзул, Заев и Филипче го пратија во САД и ОН, да ги брани интересите на Македонија. Можете сега да замислите како изгледала одбраната на Фрчкоски кој вака смета за својот народ? Бараме СДСM да се огради и јавно да се дистанцира од ваквите навреди на Фрчкоски, истакна Манасиевски.

Јасно е дека во СДСM ништо не се менува, и дека и по Заев, таму владее Заев, додаде Манасиевски.