Реклама

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Македонија

Манасиевски: Идеологот на Филипче и СДСM – Фрчкоски, со тешка навреда кон македонскиот народ

Идеологот на Филипче и СДСМ, Фрчкоски, со тешка навреда кон македонскиот народ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Идеологот на Филипче и СДСМ, Фрчкоски, со тешка навреда кон македонскиот народ, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Фрчкоски кој е еден од идеолозите на СДСМ, јавно на телевизиска емисија го навредува македонскиот народ со зборовите, цитирам: “Ако зборуваме за Македонците со три пива пред гранап, Македонци кои ништо не направиле за својата држава”. Ова го кажа професорот Љубомир Фрчкоски на телевизија кон Македонците. Професор на факултет, поранешен министер за внатрешни и надворешни работи, некогашен кандидат за претседател на државата, сегашен член на раководството на СДСМ предводено од Филипче, дрско го навредува народот дека не направил ништо за својата држава. Граѓаните кои плаќаат данок, кои работат и творат во државата, ја претставуваат гордо татковината во странство, па дури и оние кои го гласале некогаш Фрчкоски, за нив тој вели дека се безвредни и со тон на пониженост говори за нив. Очекуваме од СДСМ и Филипче да се оградат од говорот на Фрчкоски, а тој самиот јавно да се извини на македонскиот народ, истакна Манасиевски.

Македонскиот народ е работлив, чесен и културен кој заслужува подобра иднина, додава Манасиевски.