Реклама

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

Македонија

СДСМ на ивица на распад – внатрешни фракции и незадоволство го тресат раководството

Опозициската СДСМ влегува во се подлабока криза – потребни се итни внатрепартиски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Опозициската СДСМ влегува во се подлабока криза – потребни се итни внатрепартиски реформи или може да им се случи пасокизација предупредуваат експертите. На партијата и се закануваат фракционерски делувања од повеќе видни членови. Последен во низата е Костадин Костадинов – а одлуката на партијата да не го кандидира за нов мандат за градоначалник на Струмица, го натера да го замрзне своето членство во СДСМ. Според Александар Ристевски вели дека во СДСМ владее големо незадоволство, а многу членови или се повлекуваат или преминуваат во други партии. Според него, партијата оди кон целосен пад, а случајот со Костадинов е само уште еден доказ за тоа.

Иако покажуваат една форма на храброст од промената на власта, факт е дека голем дел од членството е незадоволно или замина од партијата. Една форма на превласт, Костадинов беше истакната фигура изминатите години. Свесен обид да ја загуби Струмица, надевајќи се дека ќе добие друг градски центар. Веќе е повеќе од очигледно дека се случува тековно. Добар дел од членството, кои имаат личен интерес или се дистанцираат од СДСМ или преминуваат во ЗНАМ или други политички субјекти. Гледаме дури и истакнати членови, вели Ристевски.

Во својата објава на социјалните мрежи, Костадинов упати остри критики кон раководството на партијата, велејќи дека било подготвено да го жртвува и покрај неговото водство на анкетите. Според него, изборот на друг кандидат – Марјан Даскаловски – е првиот сериозен промашен чекор на новото раководство, предводено од Венко Филипче. Сагата со Костадинов трае се уште. Објави дека ќе оди како независен кандидат, па потоа се премисли. Костадинов порача дека нема намера да биде алиби за поразот на СДСМ во Струмица.

Реклама

„Раководството на СДСМ падна на првиот тест“, порача Костадинов, додавајќи дека не сака да биде „машата во сценарио за изборен пораз“. Тој најави повлекување и замрзнување на членството, со намера да создаде „нова визија за СДСМ“ која, како што рече, ќе биде претставена во два дела – пред и по локалните избори.

Но незадоволството во СДСМ не е ново. Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов го поздрави изборот на новото раководство и најблиските партиски соработници на Филипче со стих од песна што гласи „Дали крајот вака мириса“. За лошата ситуација зборуваше и поранешниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, кој му беше и протикандидат на Филипче при првиот избор за претседател на партијата, но и поранешната претседателка на градската организација на СДСМ во Скопје, Софија Куновска.

СДСМ на последните парламентарни избори доживеа пораз и освои само 18 пратеници.