Реклама

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

Македонија

Борба против демографската криза – експертите предупредуваат дека ќе биде долга и тешка

Македонија се соочува со сериозна демографска рецесија – белата чума испразни голем…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија се соочува со сериозна демографска рецесија – белата чума испразни голем број села па и помали градови во внатрешноста. Проблемот со иселувањето на младите и падот на наталитетот не е само прашање на статистика туку аларм, дека потребни се радикални и системски промени. Експертите се децидни дека само со добро изготвена стратегија може да се промени вредносната матрица на младите и да се врати надежта дека квалитетен живот е можен и тука, дома.

Според социологот Илија Ацески, Македонија е длабоко навлезена во процес кој не може да се промени преку ноќ. Станува збор за криза што ги надминува политичките и економските рамки – криза на вредности и перспективи.

„Да кажам за некаков оптимизам дека во брзо време може да се променат состојбите, не сум сигурен. Демографската политика или развој на една земја, во овие услови во кои ние живееме, се доста сложени. Има многу фактори кои влијаат на младите – начинот на живот, нивното поимање, перспективата…“, вели Ацески.

Реклама

Според Ацески Македонија како недоволно развиена и сиромашна земја е особено изложена на негативните демографски трендови и дека за вистинска промена потребни се конкретни мерки – да се врати вербата кај граѓаните, дека општеството конечно ќе се подобри. Ќе имаат подобро образование,здравство, можности за напредок, владеење на правото..

„Мора да се покаже дека добриот, квалитетен живот е можен тука. Дека младите можат овде да создадат вредности, да се чувствуваат безбедно, да влегуваат во брак, да имаат деца, без да бидат оставени сами на себе. Тоа е начинот на кој ќе се решаваат демографските предизвици – здраво и долгорочно“, додава тој.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера порача дека Владата сериозно ќе се посвети на борбата против демографската рецесија. Тој повика на широка општествена мобилизација, барајќи одговорност и учество од сите институции. Владата исто така размислува за воведување дополнителни даноци за немажени и неженети – ова го кажа Мицкоски посочувајќи дека „нема ништо посвето од животот“, што наиде на бурни реакции и негодување на социјалните мрежи.

Но, најголемиот предизвик ќе биде токму тоа, Владата да покаже дека може да создаде средина во која животот навистина ќе вреди. Преку вистински системски промени: Функционални институции, правда, сигурност, можности за работа и достоинствен живот. Пред некој да се охрабри да создаде семејство, мора да верува дека иднината на тоа дете нема да биде предодредена од неправда, сиромаштија и корупција.