Реклама

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

Македонија

Тошковски вели дека се постапува за утврдување случаи со дивоградби

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека се постапува за утврдување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека се постапува за утврдување случаи со дивоградби и најавува дека резултатите ќе бидат видливи во скоро време. Потврди дека има наредба од јавен обвинител и се постапува.

Тој на прес-конференција во Владата за резултатите од првата година од мандатот истакна дека за разлика од претходно сега имало неселективна и бескомпромисна борба против секој кој се огрешил пред законот.

-За разлика од претходно, сега МВР покажува дека можело да има неселективна и бескомпромисна борба спрема секој еден кој ќе се огреши пред законот. Го покажавме тоа, со постапувањето против врховни судии, член на обезбедување на премиер, актуелни директори, министри, директори на институции кои што злоупотребувале буџет, актуелни, поранешни, и градоначалници. Мислам дека македонскиот народ конечно гледа разлика како се постапувало и како треба,го гледа тоа, го чувствува – рече Тошковски, во одговор на новинарско прашање.

Реклама

Ниеден предмет во интерес на јавноста, посочи, нема да биде оставен под знак прашалник.

– Во однос на тоа дали има наредба од страна на јавен обвинител, да, има, и постапуваме, и ве уверувам дека како за сите предмети за кои се постапувало под ова раководство така и во иднина нема да оставиме под знак прашалник ниеден конкретен предмет во интерес на јавноста, во однос на сите ќе постапуваме така како што и прилега на една европска земја. За разлика од тие претходно не сме европјани само декларативно, тоа го покажуваме со дела – подвлече министерот Тошковски.

Во однос на тоа дали е утврден случај на дивоградба во Чаир рече дека не знае, но увери дека се постапува и оти резултатите ќе се видат наскоро.