Реклама
Македонија

Поднесено обвинение против директорот на болницата за геријатрија за примање поткуп од 20.000 евра

Мушин Арифи, директорот на Геријатриската болница во Скопје, се соочува со затворска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мушин Арифи, директорот на Геријатриската болница во Скопје, се соочува со затворска казна од 4 до 10 години, поради примање мито од 20 илјади евра за сместување на пациент.

Директорот е обвинет дека сторил кривично дело – примање поткуп, а второобвинетиот се товари за кривично дело – примање награда за противзаконито влијание.

Обвинителството за организиран криминал и корупција поднесе обвинение до Кривичниот суд против директорот и посредникот, кои, според сомнежите, барале и примиле поткуп од роднина на болниот за да го сместат во болницата.

Реклама

Обвинителството бара од судот и на двајцата да им биде продолжен притворот.

Арифи беше избран за директор на Геријатриската болница во јули минатата година, кога на чело на Министерството за здравство дојде Арбен Таравари. Претходно, ја извршуваше функцијата директор на Психијатриската болница.