Реклама

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

Македонија

Претставување на невестата и зетот на годинашната Галичка свадба

Месната заедница Галичник и Пивара Скопје денеска на прес-конференција ќе ги претстават…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Месната заедница Галичник и Пивара Скопје денеска на прес-конференција ќе ги претстават младенците за годинашната Галичка свадба и ќе ја соопштат програмата на манифестацијата.

Покрај невестата и зетот, кои ќе бидат облечени во традиционалните галички свадбарски носии, на настанот ќе говорат Огнен Караѓозовски, претседател на Месната заедница Галичник, и Марија Мининчиќ, менаџер за партнерства со заедницата на Пивара Скопје – традиционален партнер на Галичка свадба.

Манифестацијата ќе се одржи на празничниот петровденски викенд, од 11 до 13 јули во Галичник.

Реклама

Конкурсот за избор на младенци за Галичка свадба 2025 беше отворен до 20 април. Согласно конкурсот, предност при изборот имаат кандидати со потекло од Галичник (двајцата или еден од нив), веќе биле дел од Галичката свадба во друга улога, кои се активни членови на месната заедница и се парови за кои тоа ќе биде прв црковен брак.