Реклама
Македонија

Конституиран новиот Совет на АВМУ, Сашо Стефановски избран за претседател

Членовите на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски, услуги именувани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Членовите на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски, услуги именувани од страна на Собранието на Македонија на 24 јуни 2025 година, денеска одржале кoнститутивна седница.

Како што информираат од АВМУ, на седницата, согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Деловникот за работа на Агенцијата биле избрани претседател и заменик претседател. За претседател е избран Сашо Стефановски, додека за заменик-претседателка Зириета Хајро Јајага.

Во Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги освен Сашо Стефановски и Зириета Хајро Јајага, членуваат и Афрона Верзиволи, Виктор Павловски, Гордана Мајнова, Петар Џуровски и Цветанка Миновска.