Реклама

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Македонија

Исени: Успешно решени сите случаи без државјанство кои произлегоа од распадот на СФРЈ

Заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска присуствуваше на настан во организација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска присуствуваше на настан во организација на заменик-претседателот на Владата Арбен Фетаи во соработка со УНХЦР и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на кој се одбележа успешното решавање на случаите без државјанство кои произлегоа од распадот на СФР Југославија.

Заменик-министерoт Исени во своето обраќање истакна дека државјанството е едно од основните човекови права и е правна основа за голем број други граѓански права и слободи, ја означува правната врска помеѓу лицето и државата, без оглед на начинот на стекнување и не го означува етничкото потекло на државјанинот и дека МВР со проактивен пристап посветено учествувало во решавањето на тој проблем.

-Согласно член 7 од Законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Македонија со  кој на олеснителен начин се овозможи на државјанин на друга република на поранешната СФРЈ и државјанин на поранешна СФРЈ кои до 8 септември 1991 година, односно до времето на прогласување на независноста на Македонија живееле на територијата на Македонија да се стекнат со државјанство. Членот 7 се  применуваше од 30.07.2021 година до 08.09.2024 година и  државјанство добиле 1148 лица државјани на поранешна СФРЈ од нив 300 лица биле со статус  без државјанство. Во 2023 година донесен е Законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта и Законот за изменување и дополнување на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните со цел на ова категорија на граѓани кои ќе се стекнат со државјански статус да може на полесен начин да добијат личен документ, потенцира Исени.

Реклама

Исени образложи дека  МВР за сите 300 лица кои навремено имале покренато постапка за стекнување со државјанство на Македонија, а кои биле со статус на лица без државјанство и живееле на територија на Македонија донесе позитивни решенија за стекнување со државјанство и истите се државјани на Македонија. Посочил дека со регулирање на државјанскиот статус, истите ги уживаат сите права и обврски согласно позитивните законски прописи во Република Македонија.

Заменик-министерот Исени на крај посочи дека Министерството за внатрешни работи останува силен поддржувач на меѓународната заедница, посветен и одговорен партнер во глобалниот дијалог и силен и како таков-општо признаен генератор и столб на мир, стабилност и безбедност во балканскиот и европскиот регион и пошироко.