Реклама

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

Македонија

Јаневска: Старото училиште од село Нерово го префливме во Крушево каде што и припаѓа

Старото училиште од село Нерово од Општина Житоше го префливме во Крушево…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Старото училиште од село Нерово од Општина Житоше го префливме во Крушево каде што и припаѓа. Eден проблем е решен и префрлањето на училиштето во Крушево ни овозможува да размислиме за нови опции, дали ќе градиме ново или ќе го реконструираме старото, ќе се договориме со жителите, согласно потребите, информира денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Министерката на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање посочи дека новата зграда е градена на диво и дека не се знаеле употребените материјали, ниту кој ја градел.

-За новоизградената зграда, за која мислеле жителите дека ќе биде училиште, во овој момент нема решение, тоа е зграда градена на диво вели народот. Не знаеме какви материјали се употребени кој ја градел и, не дај боже да се случи нешто таму џабе ќе ни биде после да бараме одговорност, затоа ќе одиме по легален пат согласно процедурите. Новата зграда нема можност ни да се испита затоа што нелегално е градена. Мора во земјава да почитуваме одредени правила кои ќе ни го подобрат животот, порача Јаневска.

Реклама

Додаде дека не верува оти од септември ќе има настава во новиот објект.

-За од септември не верувам дека ќе продолжат во новиот објект. Во септември би можеле да им доградиме две училници како што барале во минатото, но инжинерите сега повторно ќе одат на терен ќе видат што може да се направи и може да се излезе засега со краткотрајно решение, информира министерката Јаневска.