Реклама

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

Македонија

Втор ден расправа за ребалансот на Буџетот

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува расправата за ребалансот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува расправата за ребалансот на Буџетот што започна вчера.

Главната цел на измените, како што посочуваат од Министертвото за финансии, е да се обезбеди непречено извршување на буџетот во услови на позитивни економски трендови и динамика на реализација, со цел навремено и ефикасно финансирање на сите програмски определби, обврски и капитални инвестиции.

Вкупните приходи во ребалансот се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари или за околу еден процент повеќе во однос на Буџетот, односно за околу 3,5 милијарди денари, а вкупните расходи на ниво од 403,7 милијарди денари и исто така бележат раст од околу еден процент, односно за околу 3,5 милијарди денари.

Реклама

Со ребалансот се врши реалокација на средства меѓу буџетските корисници, се дообезбедуваат средства за исплата на плати пред се во Министерството за внатрешни работи, каде е обезбеден раст на платите на вработените од 10 проценти, а се обезбедени дополнителни средства и за исплата на зголемени пензии и дополнителни околу 300 милиони денари за капитални расходи.

Капиталните расходи се планирани во висина од 47,5 милијарди денари.

На првиот ден од општата расправа, од Фискалниот совет порачаа дека клучно е економското почитување на фискалните правила. Претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев рече дека ревидираниот Буџет е во согласнот со буџетската стратегија и ја повтори препораката доколку инвестиците за капитални расходи не се реализираат како што се проектирани, да не се пренаменуваат за тековни расходи, туку да се заштедат и да се пренаменат за трошења за наредните години.

За опозицијата, ребалансот не е насочен кон продуктивен развој и е огледало на фискална неодговорност, го прикрива она што било ветено, а не било испорачано, додека за ВМРО-ДПМНЕ, предложениот ребаланс е развоен и реален и гарантира економски раст, подобрување на животниот стандерд и е порака за домаќинско управување со државните финансии.

По завршувањето на општата расправа, треба да почне и амандманската расправа за која се поднесени околу 200 амандмани од кои 160 се од опозициската СДСМ.