Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

„ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде на страна на граѓаните кои на јавна сцена ќе бидат нападнати од носители на јавни функции“

Се покажа дека примитивноста, ароганцијата, говорот на омраза, се одлика на кадрите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се покажа дека примитивноста, ароганцијата, говорот на омраза, се одлика на кадрите на СДСМ. Наместо јавно да се извини за говорот на омраза кон новинар, Костадин Костадинов продолжува со реториката во ист стил, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Дури и неговите зборови да се упатени, како што тој вели кон лицето Драган Павловиќ-Латас, а не кон новинарот Драган Павловиќ-Латас, ваквиот јавен линч и повик за убиство е несвојствен за цивилизирано општество. Начинот на преземање на правдата во свои раце, како што вели Костадинов е својствен за едни други минати времиња и системи. Така што, ВМРО-ДПМНЕ секогаш е на страната на цивилизираното однесување, достоинствениот начин на однесување, дијалогот и ќе застане во одбрана на секој еден којшто на јавна сцена на ваков примитивен начин ќе биде нападнат, се наведува во партиското соопштение.

„Посебно ако нападите, навреди и говорот на омраза доаѓа од вршители на јавни функции, посебно бирани директно од граѓаните на непосредни избори, како градоначалник на општина, во случајов, Костадин Костадинов, градоначалник на Општина Струмица.

Реклама

Оттука, наместо СДСМ и Венко Филипче да молчат треба да го осудат ваквиот говор на омраза на нивниот градоначалник, Костадинов и да побараат од него јавно извинување на ист начин како што јавно ги упатува и заканите.

Откако ќе се оградат, после тоа СДСМ и Филипче да ги повикаат и надлежните институции да постапат и Костадинов да ја сноси одговорноста за ова негово дело“, велат од партијата.