Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Потпишан Меморандум за соработка меѓу министерството за спорт и внатрешни работи

Меморандум за соработка со Министерството за спорт, поддршка за модерни спортски капацитети…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меморандум за соработка со Министерството за спорт, поддршка за модерни спортски капацитети и можности за сите полициски службеници и кадети, објави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Денеска со министерот за спорт, Борко Ристовски потпишавме Меморандум за соработка помеѓу двете министерства во областа на физичките подготовки и спортски активности. Со овој Меморандум за соработка се утврдува рамката помеѓу страните потписници за работи од заеднички интерес базирани на искористување на стручно- научните, професионалните, материјално-техничките и просторните услови насочени кон унапредување на едукативните, истражувачките и апликативните активности преку кои ќе се реализира соработката за работи од заеднички интерес. Со потпишување на овој меморандум ја подигнуваме нашата и досегашна одлична соработка на повисоко ниво со што директно ќе влијае врз работата на министерството и подготвеноста на полициските кадети и службеници. Спортот и физичката подготвеност е во директна поврзаност со успешното извршување на задачите на полициските службеници а со тоа и чување на безбедноста на граѓаните, истакна Тошковски.

Планираните проекти со министерството за спорт ќе значат унапредување на терените и можностите за квалитетни спортски активности на ниво на европските полиции со една цел, да имаме подготвена и спремна полиција која ќе биде вистински гарант на безбедноста на своите граѓани, додаде Тошковски.

Реклама