Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Беким Ќоку ќе биде нов координатор на пратеничката група на „Влен“

Пратеникот Беким Ќоку ќе биде новиот координатор на пратеничката група на коалицијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот Беким Ќоку ќе биде новиот координатор на пратеничката група на коалицијата „Влен“, која ќе биде составена од девет пратеници. Тој, ова го потврдил за Алсат, иако до Собранието се уште не е доставено официјално известување.

-До овој момент нема пристигнато никакво писмо по однос на прераспределба на пратеници во пратенички групи. Процедурата во однос на пратеничките групи во Собранието е уредена со Деловникот, информираа за МИА од Кабинетот на претседателот на Собранието Африм Гаши.

Досегашниот координатор на пратеничката група на Вреди, Халил Снопче, кој доаѓа од крилото на Алијансата на Албанците, предводено од Арбен Таравари, денеска во изјава за медиумите истакна дека тој се уште е координатор на пратеничката група на „Влен“ од 14 пратеници, бидејќи се уште не е формирана нова пратеничка група.

Реклама

– Доколку со девет потписи се обратат до Собранието дека имаат формирано нова пратеничка група, тогаш по автоматизам ние ќе дејствуваме со наша пратеничка група од петмина пратеници, рече Снопче.

Преку Коалицијата „Влен“ од Алијансата за Албанците се пет пратеници – Мимоза Муса, Ријад Шаќири, Садик Сулејмани, Салим Сулејмани и Халил Снопче, а додека, пак, од трите други партии кои одлучија да делуваат како еден политички субјект – од „Беса“ пратениците Аднан Азизи и Калтрина Беќири, од Демократско движење – Мерита Колчи Коџаџику, Саранда Имери-Стафаи и Фериде Хаџиу, од Алтернатива – Африм Гаши, Беким Сали и Имрлије Салиу-Фетаи и Беким Ќоку од Самоопределувањето на Албин Курти.

Одлуката за формирање нова пратеничка група од страна на „Влен“ доаѓа по синоќешниот состанок на кој беше најавен мораториум на сите јавни политички активности на партиите што ја сочинуваат и соопшти дека отсега ќе делува како еден политички субјект.