Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Мицкоски: Нова фабрика во Штип ќе создаде 500-600 работни места

Во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип денеска ќе биде отворена фабриката на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип денеска ќе биде отворена фабриката на канадската компанија „Магна Мехатроникс“. Вредноста на инвестицијата се проценува на околу 50 милиони евра, а се очекува да се отворат 500 до 600 нови работни места. Инвестицијата ја најави премиерот Христијан Мицкоски во неделата, кој денеска ќе присуствува на отворањето на фабриката.

„Денес две добри вести! Отвораме нова фабрика во индустриската зона во Штип. 500 до 600 нови работни места за нашите граѓани. Од вчера започна исплатата на повисоките плати. Над 12.000 полицајци ќе добијат зголемени плати за 10%. Промените не се само зборови – тие се реалност. Македонија повторно станува ваша. Заедно за многу повеќе, за секој човек“, објави Мицкоски.