Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Кешишев открива: Ги копавме дупките мислејќи дека бараме злато!

Денеска сведочеше сообвинетиот Влатко Кешишев, кој од 2021 година волонтирал за Палевски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска сведочеше сообвинетиот Влатко Кешишев, кој од 2021 година волонтирал за Палевски, подготвувајќи му храна и чистејќи, додека тој ја формирал партијата „Десна”.

На директно прашање од адвокатот, Кешишев потврди дека учествувал во копањето дупка во Велес. Според неговите зборови, тие копале само во неделите, кога сообвинетиот Велибор Манев имал слободно време.

„Вељо копаше, а јас фрлав земја. Мислев дека бараме, копаме злато. Молчевме, не разговаравме. Третиот пат кога бевме таму, Вељо ме предупреди дека за ова може да паднат глави и дека не смееме да зборуваме. Дупката била наменета за киднапирање на лица. Четвртиот пат ја довршивме дупката. Велибор ја поклопи со даски. Се вративме во штабот и му кажавме на Палчо дека сè е во ред и дека дупката е доволно длабока”, изјави Кешишев.

Реклама

Адвокатот го праша дали бил присутен на разговор за теми кои не се поврзани со партијата, на што Кешишев одговори:

„Да, ги слушав како зборуваат за грабнување. Поминуваше време, околу две години, и ништо не се случуваше. Мислев дека тоа е само желба или фантазија.”

Адвокатот го праша кој бил иницијатор на темата за грабнување.

„Не знам кој беше иницијатор, но Велибор беше тој што ја започнуваше таа дискусија”, одговори Кешишев.

Тој продолжи да сведочи за ранецот со опрема за киднапирање, вклучувајќи радиостаници, кои се гледаат на снимките од камерите на Велибор Манев. Според него, тие четворица луѓе кои биле вклучени во овие активности биле: тој, Палевски, Манев и Боре Видевски, кој минатиот пат негираше каква било врска со киднапирањата и убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска.

Кешишев го опиша планот:

„Панче требаше да биде грабнат заради возилото. Ги чекав тројцата во „Рено Кангу” за време на првиот неуспешен обид за киднапирање на Панче Жежовски (74).“

Следниот пат повторно останал во „Рено”, додека траело киднапирањето. Ги чекал околу еден час.

„Се вратија тројцата со зелена Цитроен кола и се паркираа покрај мене. Запаливме по цигара, тогаш Палчо го фрли мобилниот телефон на Панче во долот, во капините. До мене седна Велибор, а во Цитроенот беа Палчо и Боре”, раскажуваше сведокот-обвинет.

Потоа отишле на местото наречено „Рудник”, кај дупката.

„Чекав. Се врати Вељо, седна до мене. Ми кажа да возам до Катланово. По стариот пат, одевме до првата населба. По радиотелефон Палчо му кажа на Вељо да се паркираме на поголем паркинг. Тие дојдоа со Цитроенот, а Палчо го бришеше воланот од траги”, продолжи Кешишев.

Не го видел Панче Жежовски на паркингот.

„Не го видов Панче, бидејќи ми рекоа дека го ставиле во ќебе и го ставиле во гепек. Од она што разговараа, дознав дека Панче бил во гепекот. Кога дојдовме во штабот на партијата во Скопје, тогаш сфатив дека Панче всушност е убиен”, тврди Кешишев.

Неговото сведочење продолжува со детали за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања.