Реклама

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Македонија

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со чешкиот премиер Петр Фиала

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку, оствари средба со премиерот на Чешката Република, Петр Фиала.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, а во фокусот на разговорите беше евроинтегративниот процес.

Претседателката Сиљановска-Давкова ја изрази решеноста од македонска страна за натамошен развој и зајакнување на силното партнерство со Чешката Република, како на билатерално и мултилатерално политичко ниво, така и во доменот на економската соработка.

Реклама

Претседателката Сиљановска-Давкова се заблагодари за принципиелната и доследна чешка поддршка за македонската евроинтеграција оценувајќи ја Чешка како важен партнер и силен поддржувач на процесот на проширувањето на ЕУ.

На средбата, претседателката Сиљановска-Давкова посочи на потребата ЕУ да биде јасна и непоколеблива во својата стратегија за проширување кон Западен Балкан, не оставајќи простор за нејаснотии.