Реклама

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Македонија

Филипче ја повикал Костадиновска Стојчевска да даде отчет по серијата скандали за ексминистерката

Венко Филиче и закажал состанок на Бисера Костадиновска Стојчевска за да разговараат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филиче и закажал состанок на Бисера Костадиновска Стојчевска за да разговараат за обвинувањата од власта за злоупотреби додека била на фукцијата министер за култура. Претседателот на СДСМ очекува доколку некој неправилно работел да сноси одговорност за тоа, а за целиот случај со Костадиновска Стојчевска за кој секојдневно ВМРО-ДПМНЕ објавува нови скандалозни информации, Филипче повикува на институционална разрешница.

  • „Јас за денеска закажав состанок со поранешната мнистерка за култура. Инсистирам тој случај да го расчистат институтциите и доколку има било каков одговорност, секој кој направил некаква неправилност да сноси одговорност за таа неправилност. Тоа што сакам да апропо ова прашање да го осудам е тоа што Владата ги користи сите инструменти на партиски ПР за да се справува со ова прашањ. Инсистирам ова прашање да го расчистат институциите“ рече Венко Филипче – претседател на СДСМ.

Додека во СДСМ ексминистерката ќе рапортира пред партискито претседател за обвинувањата,  ВМРО-ДПМНЕ обедлодени нови информации за нови злоупотреби од како што ја нарекуваат „Бисера Антоанета“. Според пратеникот Миле Лефков, Костадиноска Стојчевска купила две карти  овој пат за Лондон во вредност од 750 евра и не заминала на пат. Претходно, истиот случај тврди владејчката партија се случило и со две карти за Дубаи во вредност од 3000 евра.

  • „Бисера Антоанета платила две авионски карти на релација Приштина – Лондон во еден правец во висина од 44.900  илјади денари, а потоа не заминала на пат и парите пропаднале. Иако патувањето не се реализирало, Бисера Антоанета ги оправдала потрошените пари со купените карти. Не е првпат Бисера Антоанета да купува авионски билети и за илјадници евра, а потоа да не го реализира патувањето. Многу логично се поставува прашањето, ако истата работела според план и програма, тогаш многу лесно ќе се предвидело каде може да отиде, а каде не, очигледно е дека Бисера Антоанета сама како ќе и текне си резервирала карти и плаќала илјадници евра само затоа што мислела дека може и сакала да прошета секаде“ рече Лефков.

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за раскалашено однесување и тврдат дека ова е  доказ како Социјал-демократскиот сојуз ја ограбувале државата. Досега, владејчката партија сподели со јавноста документи на кои се гледа дека ексминистерката со службената картичка купувала куфери, чорапи, луксузни подароци во Лондон, а изнајмила и стан во Виена. За утре најавија дека ќе објават нови информации за злоупотреби од Костадиновска Стојчевска.