Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Во Прилеп почнуваат чествувањата за 23 години од Карпалак

Утре се навршуваат 23 години од масакрот кај Карпалак во кој десетмина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Утре се навршуваат 23 години од масакрот кај Карпалак во кој десетмина прилепчани од резервниот состав на АРМ, ги загубија животите.

Во предвечерието на еден од најтраорните и најкрвави настани од поновата македонска историја – масакрот кај Карпалак на 8 август 2001-та, градот на простумот и непокорот, Прилеп, а кој на тој кобен ден загуби дури 10 свои синови, достоинствено се подготвува за да им оддаде достојна почит на овие македонски херои.

Чествувањата по повод 23-тата годишнина од овој ужасен и грозоморен настан кога конвојот од близу 120 прилепски резервисти од АРМ, кукавички и од заседа во раните утрински часови беше нападнат од терористичките групи на ОНА, традиционално започнуваат попладнево со полагање венци и свежи цвеќиња на Споменикот од загинатите бранители во кругот од Касараната „Мирче Ацев“, од каде што всушност тие и тргнаа на своето последно патување.

Реклама

А вечерна богосложба ќе се одржи во Манастирот „Св.Петка“ во селото Лениште, каде што исто така има подигнато споменик во чест на бранителите. Главната церемноија ќе се одржи утре, точно на денот на погибијата, со тоа што во раните утрински часови ќе бидата положени венци пред скромната спомен-плоча на банкината од патот на Карпалак крај Тетово, а ќе бидат посетени и гробовите на загинатите.

Во 13 часот пак, во центарот на Прилеп, пред Споменичниот комплекс „Карпалак“, градот-херој ќе им оддаде достојна почит на своите сограѓани кои со својата саможртва, бранејќи го територијалниот интегритет и суверенитет на својата татковина, засекогаш се вградија во херојските историски темели на Македонија.

  Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушидоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски се имињата на десетте македонски херои, чии семејства, но и преживеани соборци и ден – денес, и после 23 години со истата тага и болка се сеќаваат на се’ како вчера да било, сe’ уште трагајќи по одговорите на за нив, најтешките прашања – кој, зошто и како дозволи да се случи таков масакар.

   Инаку, додека на местото на погибијата на Карпалак за сите овие 23 години никогаш не се направи пристојно споменично обележје, освен обичната мермерна плоча покрај патот која на неколку пати беше и искршена, Прилеп на своите херои им се оддолжи со два импозантни споменика, десет улици беа именувани со нивните имиња, еден од булеварите го носи името „Прилепски бранители“, а во нивна чест и спомен беше изградена и црквата „Св.Петка“ во прилепската населба „Точила“.

Каролина Дурло