Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Тошковски и Дачиќ го посетија граничниот премин Табановце: Промовирана кампањата „Вози одморен“

Реформа, реорганизација и дигитализација ќе претставува еден од приоритетите на новата влада…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реформа, реорганизација и дигитализација ќе претставува еден од приоритетите на новата влада за да ги осовремени граничните премини за да се убрза протокот на возила меѓу Македонија и соседните земји. Ова го најави денес министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски од граничниот премин Табановце каде се сретна со неговиот српски колега Ивица Дачиќ.

„Еден од основните пилари на новата влада особено во рамки на Министериството за внатрешни работи кој што е во наша надлежност, е интегриран систем на гранично управување, во рамки на кој што во граничен надзор влегува и граничен премин. Така да, реформа, реорганизација, дигитализација во овој дел, секако дека ќе претставува еден од приоритетите на министерството. Апсолутно дека ќе сториме се што е во наша надлежност и во наша моќ, да можеме да ги осовремениме, граничните премини и да го убрзаме протокот на возила помеѓу нашите пријателски земји“, рече министерот за внатрешни работи на Македонија, Панче Тошковски.

„Јас 100 пати барав, инсистирав, да може да се премине само со лична карта. Да се поедностави, да има само едно застанување. Секогаш имаше некакви административни проблеми и секогаш на крајот на оваа приказна и секогаш ќе има, еве додека стоиме тука, овде околу нас ќе има некој ќе кој ќе рече ама не може тоа така. Мислам, ајде да најдеме како може“, рече министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.