Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Ковачевски за кампањата за ЕУ: Фантастични суми се два милиони евра за една статуа или еден милион за 3 врби

Што се 350 илјади евра ако си Димитар Ковачевски? Изгледа, сосема нормална…

Сподели:
Фото: Алфа Вести
  • „Кога ќе кажете фантастична сума, јас ќе ви дадам што е фантастична сума“ вели премиерот Ковачевски.

Што се 350 илјади евра ако си Димитар Ковачевски? Изгледа, сосема нормална сума народни пари кои ќе се потрошат за кампањата за предностите од членството во ЕУ, која ќе се поклои со веќе распишаните претседателски избори. Законите се испочитувани, тврди премиерот – за кого нема проблем, што владата на шест месеци пред избори ќе потроши уште над 354 илјади евра.

  • „ЕУ кампањата нема да се совпадне со изборите, ниту некако ќе ги прекрши законските прописи, а фантастични суми се два милиона евра за една статуа на мостот „Гоце Делчев“ или еден милион евра за три врби во реката Вардар“, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Илинденска уште во јануари годинава резервирала буџет што ќе треба да го потроши за рекламни видеа и спотови за убавината на членството во ЕУ- иако сите веќе го знаеме тоа. Ама власта, по еден пропаднат обид, сега на 6 месеци пред избори наоѓа фирма која ги исполнува условите.

Владиниот секретарјат договорот со „Вертиго НМЕ“ го склучува на 8 ноември а на 10 е објавен на сајтот за Јавни набавки.

Реклама

И според потпишаното од договорните страни, кампањата треба да трае 45 дена откако фирмата би ги подготвила слоганот и логото.  Колку време и се дава да ги изработи, не е наведено во договорот. Ако, под претпоставка, тоа би биле 30 дена, кампањата би започнала некаде на средината на идниот месец, а би завршила неколку дена пред да почне изборната кампања за претседателските избори – кои тогаш веќе ќе бидат распишани.

Државната комисија за спречување корупција има укажувано токму на ваквите ненамерно или намерно местени датуми за кампањи финансирани од државната каса во предизборен период. Пред само две години, владата ја темпираше исплатата на парите од ТАВ програмата за инфраструктурни проекти за 36 општини точно пред локалните избори.

https://youtu.be/DL0zQf4tugU