Реклама

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Македонија

Двојни аршини на Судскиот Совет – Се согласува со критиките за судството, но продолжува по старо кога избира судии

Судијата со секс скандал и официјално ја презема претседателската функција во Граѓанскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судијата со секс скандал и официјално ја презема претседателската функција во Граѓанскиот суд, се заколна дека ќе работи според законите и Уставот.  Заклетката на Бесник Авидија траеше цели 3 и пол минути. Иако вети пред Судскиот Совет дека ќе биде транспарентен за медиумите, не сакаше да застане пред камерите. Кратко им рече на новинарите во следна прилика.

  • „Кога имаме ненавремени изготвување на пресуди и слични обврски од страна на судиите, тоа ќе биде ваш директен одговор односно пренос од вас до судиите како и од вас до судиите“, им рече претседателот Георгиев.

За Авдија јавноста слушна по снимката која протече, а наводно е направена во Граѓанскиот суд во мај 2017-та. Освен за љубовната афера, во видеото се слуша гласот на Авдија и соговорничка која во два наврати му вели „твојата партија“. Шпекулации имаше и околу тоа како по вакво видео, Авдија го поминал тестот за интегритет кој е важен предуслов за да се биде судија особено претседател на суд.

  • „Знаеш што требаше да направам јас, да ја оставам таму, да ја сменат, и да се шокирате сите дома. Тогаш, ти бе, партијата твоја, изгуби бе и ти отиде во планина, плачеше. Гледаш колку си низок со тоа мозокот. Партијата твоја изгуби, отиде во планина, плачеше“ вели соговорничката во видеото кое се појави на „Јутуб“.

Но, тоа не ги спречи членовите да го изберат со 11 гласа „за“. Тогаш во Судски совет велеа дека нема постапка, кривична одговорност, дисциплинска повреда –  па оттука сметаа дека нема зошто тој да не биде избран.

Реклама

Освен Авдија, за чесна работа како претседатели на судови, се закознаа уште шест други, кој Судскиот совет ги избра на минатите седници.

Основниот суд Битола ќе го води Татјана Петровска, во Неготино – Билјана Толова, во Кичево – Флутурије Дервиши која и досега беше в.д., како и Јасмина Шишковска Стојковиќ во Прилеп. На Основниот суд Крива Паланка претседател е  Орце Јанковски,  а во Штип – Ацо Тасев.

Назначувањето на Авидија не е единствениот избор на Судскиот совет кој наиде на негативни реакции од јавноста и стручната фела.

Кумата на Боки 13, Мери Дика седна претседателското столче во скопска апелација, а контроверзната Снежана Манев која доби втор мандат да раководи со кумновскиот суд, која според министерот за правда не ни успеала да го помине псхолошкиот тест за интегритет.

Голема врева имаше и за изборот на осум судии во Апелациониот суд во Скопје, бидејќи членовите на Судски едногласно не дадоа поддршка најдобро бодираните да добијат унапредување.