Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Стотици непријавени повреди на работното место во вселенската индустрија

Ја започнуваме оваа недела на лансирната рампа во Флорида, каде приватната компанија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ја започнуваме оваа недела на лансирната рампа во Флорида, каде приватната компанија за вселенски летови Спејс Икс го испрати вселенското летало Драгон до Меѓународната вселенска станица. На оваа, нејзината 29-та комерцијална мисија за снабдување, Спејс Икс испрати храна, делови и дел од комуникацискиот реле систем, за кој НАСА вели дека ќе тестира ласерски комуникации со висока стапка на податоци од вселенската станица до Земјата.

Исто така оваа недела, Спејс Икс беше предмет на истрага откако Ројтерс откри најмалку 600 претходно непријавени повреди на работното место во ракетната компанија на Илон Маск. Еден инцидент резултираше со смрт на работник.

„Почнав да му сигнализирам на кранот, а операторот на кранот не ме погледна. Тој продолжи да го движи делот. Слушнав татнеш. Кога ме удри, веќе не можев да видам ништо. Му реков на мојот пријател: ‚Го изгубив окото. Го изгубив окото“, рече работникот во Спејс Икс Флорентино Риос.

Реклама

Поранешниот работник на Спејс Икс, Флорентино Риос, го изгубил видот на едното око и е легално слеп, според медицинските и работничките записи за надомест на штета. Неговиот адвокат вели дека и покрај тоа што окото на Риос се наполнило со крв по повредата, медицинските лица на Спејс Икс го поставиле да работи следната смена.

Се чини дека тој е далеку од сам. Преку владино сметководство и интервјуа, Ројтерс откри дека од 2014 година, работниците на Спејс Икс претрпеле фрактури на черепи, смачкани екстремитети, ампутации и една смрт.

Стапката на повреди или болести во објектот на компанијата во Браунсвил, Тексас – каде што Риос ја претрпе својата повреда – е најмалку шест пати повисока од просекот во вселенската индустрија, проценува Бирото за статистика на трудот, се вели во извештајот.

Од 2016 година, Управата за безбедност и здравје при работа, или ОША, бараше од компаниите да пријават вкупни годишни повреди.

Во поголемиот дел од тие години, Спејс Икс не успеа целосно да пријави повреди, според истрагата на Ројтерс. Вселенската компанија го одби барањето на Гласот на Америка за коментар за истрагата на Ројтерс.

Риос го тужеше Спејс Икс, тврдејќи дека неговата негрижа за безбедноста на работниците довела до повреда на окото. Во судските записи, компанијата тврдеше дека Риос е несовесната страна. Случајот подоцна беше отфрлен.

Оваа недела исто така се збогувавме со астронаутот на НАСА и командант на првата мисија Аполо на Месечината, Френк Борман. Во 1968 година, Борман и двајца членови на екипажот ја обиколија Месечината 10 пати, поставувајќи ја сцената за слетување на Месечината следната година. Екипажот на Аполо 8 влезе во орбитата на Месечината во директен телевизиски пренос од орбитарот.

Борман имаше 95 години.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон