Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Поканата од Лога за законот за обвинителство е чиста фарса, овој процес нема да успее

ВМРО-ДПМНЕ нема да дава поддршка на закони веќе скроени по мерка на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ нема да дава поддршка на закони веќе скроени по мерка на владејачкото мнозинство – одговара опозицијата на писмото од министерот за правда Кренар Лога кој ја кани партијата на Мицкоски да учествува во работната група која веќе ги напишала законските решенија за обвинителство. За опозиционерите се е чиста фарса,  бидејќи без гласовите од најголемата пратеничка група немаат 2/3 мнозинство да ги изгласаат.

  • „Но замката и проблемот не се во формата, туку во суштината и искрената намера. Еве и зошто. Затоа што, крајно несериозно и некоректно е за ваков важен Предлог на закон, Владата и пред се’ Министерството за правда, народски кажано во 5 до 12 да се сетат да ја поканат и вклучат НАЈГОЛЕМАТА пратеничка група во Собранието за учество во носењето на овој Закон. Проблемот е во тоа што поканата за „инклузивност на опозицијата во овој процес“ ја упатуваат за веќе готов материјал и после изготвување на текстот на Законот ! Дополнително, но и многу важно, овие измени и дополнување на Законот за јавното обвинителство Собранието ги носи со ДВОТРЕТИНСКО МНОЗИНСТВО, што значи дека без пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, финализирање на овој процес НЕ Е ВОЗМОЖЕН“ вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ мораше да биде вклучена уште од самиот почеток на подготовката на Предлог законот за јавното обвинителство, а не на веќе завршена работа порачува координаторот Мицевски.

  • „Упатената Покана е уште еден јасен показател дека ова е обид за барање на алиби кога власта ќе се соочи со реалноста, а тоа е дека поради нивниот игнорантски однос кон најбројната пратеничка група во Собранието, овој процес НЕМА ДА УСПЕЕ. На крајот, како координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ би сакал да го информирам министерот за правда дека ние нема да учествуваме во овие задкулисни игри бидејќи не сакаме да бидеме соучесници во глумата на власта за лажна инклузивност на опозицијата во целиот процес на донесување на Предлог законот за јавното обвинителство. Затоа, за секој неуспех на овој важен процес, единствен виновник ќе биде арогантната власт, а не ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ“, пишува Мицевски.

Министерот за правда, Кренар Лога, пак три дена по испратеното писмо, на социјалните мрежи напиша дека ВМРО-ДПМНЕ не одговориле на поканата, но сепак  останува на барањето претседателот на работната група за законот за јавно обвинителство да биде предлог на опозицијата.

Реклама

Изманите на законот за јавно обвинителство што ги предлага Лога се однесуваат на воспоставување надзор врз рапределбата на истрагите и предметите на обвинителите. Правда сака судскиот АКМИС систем да го воведе и во обвинителството, но за тоа му е потребна 2/3 поддршка од народните избаници.

Во правда се спрема и нов закон за Судски Совет откако Извештајот на ЕК, даде оценка „единица“ за највиското судско тело, но и за тие измени е потребно поддршка од најмалку 80 пратеници. И за законот за амнестија на Лога му беше потребно исто толку гласови во законодавниот дом, но освен што наиде на критики од опозиционерите и  коалицискиот партнер СДСМ го извиси.