Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Има ли доближување на партиските ставови за изборите?

Ќе ја послуша ли власта опозиција, претседателските и парламентарните изброри да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе ја послуша ли власта опозиција, претседателските и парламентарните изброри да се оддржат истоврмено? ВМРО-ДПМНЕ од самиот старт бара да се заштедат милионски суми пари од државната каса и  заканата од уставна криза. По пресметките, се чини и власта почна да размислува во тој правец, иако дел од парламентарното мнозинство се уште инсистира на одвоени изборни процеси.  

Шефот на државата, Стево Пендаровски верува дека политичките размислувања ќе се приближат, а уверува и дека ќе наскоро ќе падне договор за датумот на изборите.

  • „Мислам дека ставовите на власта и на опозицијата се приближуваат и веројатно наредните денови ќе имаме и официјална објава дека е постигнат договор за одржување на парламентарните и на претседателските избори во ист временски период“, изјави претседателот Пендаровски.

Според ВМРО-ДПМНЕ во моментов нема никакво приближување на ставовите.

Реклама
  • „Чекаме да слушнеме подобри аргументи од другата страна, до сега не сме ги слушнале, и се надевам дека за брзо време ќе можеме да ја информираме јавноста за датум за избори за кој заеднички би се оддржал вториот круг на претседателски и парламентрани избори. Па, имајќи предвид дека се работи за ифнормација која што доаѓа, човек кој што нема никаков кредибилитет, за споделување на вакви информации, ќе го наречам алапача, нема прв пат да го кажам тоа, се работи за човек кој зборува наоколу без да има кредибилни сознанија, така штом Пендаровски рекол дека следна недела ќе излезе со датум тогаш нема сигурно да излеземе следна недела, затоа што од тоа што досега го кажа ништо не погоди“ вели Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

ДУИ останува на ставот дека за нив не е важно дали ќе бидат споени или одвоени изборите. Во Мала Речица во моментов се фокусирани на изборот на тоа кој ќе води владата во предизборието.

  • „Во ДУИ полега се расчистува дебатата околу тоа кој ќе биде нашиот предложен кандидат, треба да се соберат партиските тела и да одлучат кој ќе биде кандидат, до тогаш нема да коментирам,“ рече Османи, министер за надворешни работи.

Досега освен македонскиот опозициски блок, барања за истовремено да се одржат  претседателски и парламентарни избории имаа и од албанскиот блок „Европски сојуз за промени“ на Касами, Гаши и Меџити.

Од следната недела сеочекува во Собранието да се расправа и за измените на Изборниот законик.