Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Владата по стари навики: Кампањата за придобивките од ЕУ ќе влезе во предизборниот период

Мереле, сечеле и кампањата за ЕУ, владата наштелува да ја пушти во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мереле, сечеле и кампањата за ЕУ, владата наштелува да ја пушти во етер предизборно. Се поверојатно е дека роковите кога ќе треба да се рекламираат предностите од членството во Европската Унија ќе се поклопат со предизборниот период, кога веќе ќе бидат распишани претседателските избори.

Илинденска уште во јануари годинава резервирала буџет кој ќе треба да го потроши за рекламни видеа и спотови за убавината на членството во ЕУ, и по еден пропаднат обид, сега на 6 месеци пред избори наоѓа фирма која ги исполнува условите.

Владиниот секретарјат договорот со „Вертиго НМЕ“ го склучува на 8 ноември а на 10 е објавен на сајтот за Јавни набавки.

Реклама

И според потпишаното од договорните страни, кампањата треба да трае 45 дена откако фирмата би ги подготвила слоганот и логото.  Колку време и се дава да ги изработи, не е наведено во договорот. Ако под претпоставка, дека тоа би биле 30 дена, кампањата би започнала некаде на средината на идниот месец, а би завршила неколку дена пред да почне изборната кампања за претседателските избори.

Државната комисија за спречување корупција има укажувано токму на ваквите ненамерно или намерно местења на датуми за кампањи финансирани од државната каса во предизборен период. Пред само две години, владата ја темпираше исплатата на парите од ТАВ програмата за инфраструктурни проекти за 36 општини точно пред локалните избори.  

Во законите јасно се наведува дека какви било исплати од денот на распишување на изборите па се до нивно целосно завршување се строго забранети.

  • Во периодот од 20 дена пред почеток на изборна кампања, па до завршување на изборот на претседател и до завршување на изборите за избор на градоначалник, не може да се одржуваат јавни настани по повод почнување на изградба или пуштање во употреба на објекти со средства од Буџетот или од јавни фондови, или со средства на јавни претпријатија или други правни лица што располагаат со државен капитал“.

Едно-месечната кампањата за предностите од членството во ЕУ, Македонија пред два месеци ја чинеше 80 илјади евра. „Ние сме Европа“ сега ќе се репризира тоа за нови 350 илјади евра.

https://youtu.be/2P-B4CdyXx0