Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Ковачевски денеска на средба со Брнабиќ

Премиерот Димитар Ковачевски, кој од вчера учествува на Вториот меѓународен саем за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Димитар Ковачевски, кој од вчера учествува на Вториот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“, што се одржува во Белград, денеска во Владата на Србија ќе се сретне со неговата српска колешка Ана Брнабиќ.

Воедно во Владата на Србија, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе потпише Меморандум за соработка за воспоставување на железничка мрежа со високи перформанси со министерот за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Република Србија, Горан Весиќ.

Дополнително, под покровителство на Владата и во организација на премиерот Ковачевски, ќе се одржи настан „Македонска вечер“, во рамки на кој ќе има дегустација на македонски вина и храна.

Реклама

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, по вчерашното отворање на Вториот меѓународен саем за вино Вино и билатералните средби, заедно со Димитар Ковачевски, Јаков Милатовиќ и други дојдоа на вечера во ресторан во главниот град, објави српски Курир

На Инстаграм профилот „Будуќностсрбијеав“ беше објавено видео од ресторанот, а претседателот Вучиќ заедно со македонскиот и црногорскиот премиер ја пееја добро познатата народна песна „Дајте вина, хочу лом“.