Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Судењето за родилката од Дебар по трет пат се враќа од почеток

Судскиот процес за случајот Веапоска по трет пат се враќа од почеток-родилката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судскиот процес за случајот Веапоска по трет пат се враќа од почеток-родилката од Дебар која остана без матка,бубрег и јајник безмалку 2 години чека правда.Откако почнасудскиот процес на почетокот од 2022-ра,до сега се сменија двајца судии и двајцата во рок од една година заминаа во пензија. Од самиот почеток се одолговлекува судењетона докторите од Струга кои ме осакатија и ме оставија без три органи, вели Веапоска која поднесе и претставка до судскиот совет со барање да се испита работата на судот во Струга.

“Судијата и обвинителот избегаа од процесот и затоа не го завршија.Тие, тој судија и тој обвинител нема да остават никаква трага во правосудството  во Република Македонија, ете тоа е моето мислење.Довербата во правосудството е во минусно салдо отидена.Правдата е тешко достапна, луѓето се загрижени, неможеш да го знаеш исходот на постапките од икс причини”-вели Сашо Јанев,адвокат на Веапоска

Претседателот на струшкиот основен суд отворено, вели дека e лоша ситуацијата во судот каде се водат сериозни судски процеси како овој со Веапоска, бидејќи од потребните 15 судии, останале само 4-ца.

Реклама

” Не е добра ситуацијата,ќе мора да се интервенира дали со делегирање или со избор на друг судија што има работно искуство повеќе од 3 години за да може да постапува во кривичните предмети каде што е предвидено казна затвора над 5 години”-вели Ифет Бајрамоски,Претседател на Основен суд Струга

И додека Веапоска го чека 22-ри декември кога по трет треба да почне судскиот процес против екс директорот на струшката општа болница Мухамед Асани, неговиот синБлертон Асани и Лилјана Јованоска,претседателот на судот мака мачи да го обезбеди потребниот број судии. Од 4-рицата судии кои ја тераат правдата,еден за три месеци ќе се врати во охридскиот основен суд од каде што бил делегиран и двајца млади судии од Академија за судии и јавни обвинители,кои пак ќе постапуваат лимитирано, само за одредени спорови.

Росица Голабоска