Реклама

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

Македонија

Премиер Албанец ќе има, но тој мора да биде од ДУИ – партиската припадност поважна од националната

Во последните 100 дена, Владата ќе ја предводи Албанец, но тој мора…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во последните 100 дена, Владата ќе ја предводи Албанец, но тој мора да биде од ДУИ. Бујар Османи смета дека договор со СДСМ, односно со тогашниот премиер Зоран Заев, не се однесувал само на тоа дека пред-изборниот премиер ќе биде по националоност Албанец, туку морал да биде од нивната партија. Овој став на првиот дипломат и портпарол на ДУИ, ги урна амбициите на вице-премиерот Фатмир Битиќи, кој е од СДСМ, дека тој може да биде првиот премиер Албанец.

„Договорот за премиер Албанец е постигнат уште при формирање на Владата, дека последните сто дена премиерот ќе биде предложен од страна на ДУИ и тоа очекуваме да се случи. Доколку изборите се заеднички тоа значи дека почетокот на јануари треба да почнат тие сто дена. Премиерот ќе биде предложен од страна на ДУИ“, вели министерот Османи.

Интегративците се убедени дека кога и да се случат изборите ќе победат, па немаат ништо против да се прифати идејата на ВМРО-ДПМНЕ, за споени избори, со цел да не се оптерети буџетот. Според Османи, така ќе се избегне и парализирање на институциите кое несомнено ќе се случи ако има два изборни циклуса во три месеци.

Реклама

ДУИ победува во која и да е варијанта. Затоа има едно размислување дека можеби треба да бидат во ист ден и претседателските и парламентарните избори, но отворени сме за сите опции. Одлука нема. Ќе се обидеме да аргументираме со политичките партии чисто од логистичко финансиски аспект дека можеби е тоа подобар пристап“, рече министерот Османи.

Изгледа само СДСМ останува главен кочничар за датумот на избори, и дали ќе бидат споени или одвоени. Се уште нема конкретна информација дали ќе иницираат формирање на работна група во рамки на Собранието, со цел сите политички партии да постигнат консензус околу ова прашање. Во Парламентот, топката уште се префрла од власта на опозицијата и обратно, додека времето ги гази. Ако не се договорат, за 40тина дена, претседателот на Собранието ќе мора да распише избори.