Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

МАЕИ: Пописот на населението во Албанија е нелигитимен, Бугарија директно се меша

Пописот на населението во Албанија, за единствената македонска партија во Албанија-МАЕИ, е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пописот на населението во Албанија, за единствената македонска партија во Албанија-МАЕИ, е нелигитимен и податоците  за македонското малцинство кои ќе излезат од него ќе бидат нерелевантни. Ваквите реакции следуват откако Албанија, не го продолжи рокот за попис само за регионите Гора, Бело Брдо и Преспа, кадешто голем дел од населението поради бербата на јаболки во Ресен, не успеа да влезе во пописната статистика. Според претседателот на партијата, Васил Стерјовски на овој начин Бугарија директно се меша во попишувачкиот процес, а населението е под  постојан притисок од страна на бугарските власти.

  „Бугарскиот амбасадор почна да доѓа во нашите региони во делот на Гора, Голо Брдо и Преспа, да ги убедува луѓето да се пишат Бугари. Сите што имаат аплицирано за пасоши им се јавуваа од бугарската амбасада мора да се пишат Бугари, во спротивно нема да земат бугарски пасош.  Од една страна тие пасоши не се бесплатни, тоа се неколку илјади евра за едно семејство за таков пасош. Постоеше реално тој притисок и постоеа јавни закани кон Македонците  дека ако не се пишат Бугари, ќе им се одземат пасошите„ изјави Васил Стерјовски-претседател на МАЕИ.

Под притисок и без основни права, животот го живеат и Македонците во Бугарија, а ОМО Илинден за бугарските власти важат за сепаратистичка и терористичка  организација .

Реклама

  „Ние Македонците во Пиринскиот дел сме поробени, ние сме како робови на Бугарите, без права на нашата основна, духовна, православна и јазична слобода„ изјави Кирил Иванов од ОМО-Илинден.

Денеска во Штип во организација на Здружението„Мирка Гинова„ се одржа семакедонска средба , на која беа изложени и документи и фотографии од Македонци во Албанија, кои уште од почетокот на XXвек , го истакнувале сопствениот национален идентитет. 

Александра Ристевска