Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Кабастиот отпад во Охрид се фрла насекаде, во езеро, на Галичица, одговорност нема

Јавното претпријатие “ Охридски комуналец” не може да куртули од несовесните охриѓани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавното претпријатие “ Охридски комуналец” не може да куртули од несовесните охриѓани кои кабастиот отпад го фрлаат каде ќе стигнат,најчесто во природа,претворајќи ги падините на Галичица и брегот на езерото, во депонии.Иако редовно се организираат акции за подигање на кабаст отпад, охриѓани никако да се ослободат од лошите навики.Деновиве сред Охрид некој исфрлил полни ќеси со кожи од животни, што е потенцијален извор на зараза.Поради ова од јавното комунално претпријатие ќе постават камери пред сите критични точки каде луѓето фрлаат отпад. Секојдневно се справуваме со такви ситуации,инспекциските служби се на терен,но попусто,во околината на градот има околу 600-тини мали и 15-тина големи депонии.Бидејќи не можеме да ги демнеме 24 часа несовесните сограѓани, ќе поставиме видео надзор на јавни површини,вели директорот на комуналното претријатие.

 “Проблем е ниската еколошка свест кај граѓаните,се соочуваме со несоодветно депонирање на отпад во контејнерите кои што се предвидени за депонирање на комунален отпад се депонира градежен шут, зелен или кабаст отпад”-вели  САШО НАЈДЕСКИ,директор на Ј.П”Охридски Комуналец “

За грдото лице на градот сведочат и членовите на еколошкото здружение ЕКО ФАБ кои неколку години самоиницијативно ги чистат дивите депонии. За таа цел активистите на здружението сами реставрираа два стари камиони. Сликата е ужасна велат, раскажувајќи што се наоѓаат.

Реклама

 “Ние имаме дури во една прилика најдено надгробни споменици на едно место ,конкретно Велестово во еден дол беа фрлени неколку надгробни споменици со слики имиња и презимиња на оние кои некогаш почивале таму. Ова го имаме видено со свои очи,малку морбидно е ова беше реалноста, некој некому му го турнал гробот и го фрлил не знам каде”-вели ГОРАН УСТИЈАНОСКИ од “Еко Фаб”

Од Еко Фаб до сега имаат организарано 55 акции во кои се собрани над 720 метри кубни кабаст отпад. Секој  охриѓанец кој утрово се разбудил во Охрид може да смета дека доволно постигнал во својот живот доколу дал свој придонес во одржување на градот и зачувување на неговата уникатност,вели Устијаноски.

Поставувањето на видео надзор е добар метод, но не можеме цел град да го ставиме под мониториниг за да гледаме кој каде и што фрла,велат нашите соговорници кои сугерираат подигањето на свеста  да почне од училишните клупи.