Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Планот за амнестија ја подели владината коалиција – предлогот на Лога не помина во Собранието

Власта се подели и во Собранието. Законот за амнестија кој помина на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Власта се подели и во Собранието. Законот за амнестија кој помина на владина седница, не доби зелено светло од пратениците. Само 17 народни избраници го поддржаа предлогот на Кренал Лога со кого целосно или делумно требаше да бидат ослободени најмалку 1300 затвореници. 66 гласаа „против“ а тројца пратеници останаа воздржани.

Опозицијата уште при самата најава од Правда дека со закон ќе се ослободуваат сторители на полесни кривични дела, се изјасни против ваквото предлог законско решение, а најави и 5000 амандмани.  

Пред седницата која еден час доцнеше, извори од СДСМ брифираа дека пратениците од владејчката партија нема да гласаат за предлогот за амнестија, поради големиот број најавени амандамни  на опозицијата и поради тоа што за поголемиот дел од јавноста овој закон беше неприфатлив.

Реклама

Лога не се откажува од амнестијата, па сега законот ќе го достави по редовна постапка. Алијанса за Албаниците од каде доаѓа пак не се откажува од владината коалиција иако, како што вели првиот човек на правда, соцјал-демократските пратеници се одмаздувале бидејќи тој и неговата партија не ги поддржале законските измени во Кривичниот законик.

  • Денеска Македонија е понеправедна држава од вчера, за жал оваа неподдршка за предлог Законот за амнестија ја гледам како одмазда за измените на Кривичниот законик кон мене и мојата политичка партија“, изјави Лога.

Законот дека со носи поради лошите услови кои треба да се подобрат во казнено-поправните установи, зборуваше Лога пред пратениците на кого им достави и фотографии од затворот Идризово.

Амнестија целосно ќе ослободеше 286 затвореници, делумно 996, а тука не се избојани тие што се огрешиле пред законот но чекаат да се ослободи кревет по затворите за да може да ја издржат казната.

Законот за амнестија уште кога беше напишан а Правда го презентираше наиде на критики од стучната фела и јавноста. Со Лога не се согласуваше дури ниту неговата заменичка Аврамовска-Мадиќ.