Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Заворениците најавуваат штрајк, Народниот правобранител расчистува кој на кого мавал клоци и тупаници

Осуденици од Идризово од утре најавуваат штајк со глад доколку лично не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Осуденици од Идризово од утре најавуваат штајк со глад доколку лично не се сретнат со Народниот правобранител и претставници од Хелсиншки комитет.

Од управата на „К.П.У. „Идризово“ потврдуваат дека до нив е стигнато писмо.

  • Ние осудениците ве известуваме дека од утре, 31 октомври, стапуваме во штрајк со глад поради тешко повредените осуденици на кои не им се укажува лекарска заштита иако се со тешки телесни повреди како последица од полициската акција, се вели во писмото.

Сепак, извори на Алфа од Идризово откриваат дека нема сериозно повредени затвореници. Од 38 прегледани, 12 биле веднаш префрлени на клиника каде им се направени снимки и бидејќи здравствената состојба им била стабилна, биле вратени назад во затворот.

Реклама

Народниот правобранител Насер Зибери викендов на два пати влегол во Идризово за да изврши контрола за тепачката од која над десетина затвореници завршија на клиника. Зибери во телефонска изјава за Алфа потврди дека побарал да го прегледа видео надзорот и наредил до крајот на денот да го види целосниот извештај од затворската управа за да може да сподели повеќе детали.

Заменик директорот пак, на Идризово Феми Јонузи вели дека нема да открива детали туку тоа го препушта на Управата за извршување на санкции.

Инаку, Министерството за правда ги чека извештаите од Управата за извршување на санкции и засега нема став за тепачката на затворениците и полицијата што се случи при претресите во ќелиите.

Викендов со судска наредба полицајци влегоа во Идризово за да извршат претрес во ќелии на одредени осуденици. Група од шеесетина затвореници се спротивставиле при што настанала тепачка и летале клоци и тупаници. МВР соопшти дека при претресот пронашле 63 мобилни телефони, 82 ножа, 4 шила, 71 полнач за телефони и дрога.  МВР не открива каква дрога и која количина се наоѓала во ќелиите.