Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Македонија

Зошто Џафери уште тактизира и не свикува работни групи за двојни избори и договарање датум?

СДСМ не сакаа лидерска за датумот на изборите и понудија работни групи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ не сакаа лидерска за датумот на изборите и понудија работни групи во собранието, но речиси 10 дена подоцна за работните групи нема никаква инфирмација. Ниту кога ќе заседаваат, ниту пак кои ќе бидат учесниците, а ни во каков формат ќе бидат. Од кабинетот на спикерот на Собранието засега нема одговори зошто не е свикана меѓупартиската работна група, и кога ќе биде првото нејзино одржување.

Од партијата на Ковачевски засега не даваат конкретен одговор на прашањето за работните групи, ниту пак дали за нив е прифатил  8 мај како датум за изборите -да бидат ем споени како што бара ВМРО-ДПМНЕ за да не се трошат 10 милиони евра плус, бидејки толку чини еден изборен циклус, ем во редовен термин како што бара власта. Од СДСМ велат време имало, ќе се формирале групите и ќе се разговарало за што како понатаму.

Нашиот став е принципиелен и непроменет. Изборите ќе бидат наредната година во редовниот термин прво претседателски а потоа и парламентарни. За точниот датум за одржување на овие избори прво за претседателските а потоа и за парламентарните сме спремни да разговараме на ниво на работни групи. Очекувам за брзо тие да се формираат и да почнат со работа, вели Каевски.

Реклама

ВМРО-ДПМНЕ прифатија да учествуваат во работните групи, но од партијата велат дека засега никој не ги исконтактирал за што понатаму. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски за Алфа вели дека не му е јасно зошто досега не е свикан состанок за работните групи.

Никој нема комуницирано со нас на темава. Како што кажа и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ние сме подготвени да учествуваме во работните групи, вели Мицевски за Алфа.

На работните средби кои треба да се одржат во Собрението би требало да се разговара за датумите за претстојните избори. ВМРО-ДПМНЕ нуди споени избори , односно кога ќе се одржува вториот круг на претседателски избори, да се одржат и парламентарните. Велат дека со тоа државата нема да изгуби милиони евра повеќе од што треба. Од СДСМ пак се воздржани, најпрво одбиваа споени избори, но сега тактизираат, конкретен став за дали се За или Против не кажуваат. Речиси сите партии немаат проблем со тоа изборите да се споени, дури и партиите од владејачката коалиција. Од ДУИ велат дека датумот за изборите треба да се договори, од партијата на Таравари пак инсистираат истите да бидат споени бидејќи како што велат Македонија е сиромашна држава и дополнителен трошок за одвоени избори е голем финансиски товар за државата.