Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Македонија

8 мај – предлог датум на ВМРО-ДПМНЕ за одржување на претседателски и парламентарни избори

8 мај, среда – ова предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за одржување на претстојните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

8 мај, среда – ова предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за одржување на претстојните претседателски и парламентарни избори. Првиот човек на партијата, Христијан Мицкоски денеска истакна дека единствената недела каде што можат да се поклопат вториот круг претседателски и парламентарните избори е 5 мај, но тогаш е Велигден. Во пресрет на одржување на споени избори за да се намалат трошоците, и истите да бидат ем споени, ем во редовен термин, Мицкоски предложи, истите да се одржат три дена по Велигден.

Во минатото имавме пракса, така беше на последните избори 15 јули 2020 година, и во среда имаме избори и затоа велиме дека 8 мај е повторно можен термин кога би се случил вториот круг претседателски заедно со парламентарните. Би имало 72 часа рокови за жалби, за одлуки и така натаму и да се фати рокот од 12 мај да може новиот претседател да биде инаугуриран. Ова е логиката“, рече денеска во Гевгелија Мицкоски.

Мицкоски повика да се изгради политички консезус за датумот на парламентарните избори: „Да видиме дали од другата страна постои некое логично размислување здраворазумско и да ја дефинираме целата постапка, порача тој.

Реклама

Додека ВМРО-ДПМНЕ нуди опции, од страна на СДСМ засега молк, нема ниту предлог датуми, а одбија и лидерска средба на која би се зборувало за можните опции. Предложија само работни групи во Собранието на кои би требало да се разговара за датумите, но засега таква средба не е закажана, иако и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се согласија со тоа.

Од ДУИ пак велат дека датумот за одржување на претседателските и парламентарните избори треба да биде   производ на дијалогот меѓу политичките партии, на кој треба да се гледа во контекст на уставната реформа, а не од аспект на партиските интереси.

ДУИ е најмалку загрижена во однос на термините како можност да се помогне позицијата на партијата бидејќи во кое било време нашата позиција е добра. Мислам дека тоа треба да го гледаме во контекст на уставната реформа отколку во контекст на тоа како политичките партии ќе имаат интерес за кој било датум ,вели Османи.

И дел од аналитиларите и познавачите ја поддржуваат идејата за споени избори, првично заради финансиски причини, но и за да не се губи време во период каде во светот се случуваат тектонски промени, а Македонија треба да си го бара своето место. Велат и дека заедничкото одржување на избори ја намалува шансата за евентуален недоволен цензус за претседателските избори и кои тие би биле неуспешни.