Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

На терен и Виктор Стојанов: Бугарија во силен асимилаторски напад на Македонците во Албанија

Притисокот на Бугарија врз Македонците во Албанија не попушта. Како што тече…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Притисокот на Бугарија врз Македонците во Албанија не попушта. Како што тече пописот, така асимилаторската кампања станува се посилна. Додека македонските власти упорно седат со скрстени раце, Бугарите се посилно и директно на терен вршат притисок врз Македонците во регионите на Мала Преспа и Голо Брдо. Последен пример е пропагандата на првиот човек на бугарската Фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, кој заминал за Албанија и од таму за своите активности цело време се фали на социјалните мрежи. Помалку и смешно изгледа начинот како се обидува да презентира дека Македонците во овие делови биле Бугари.

-Дојди. Чекај, чекај, Тука да ја поздравиш Бугарија.

-Кажи како се викаш?

Реклама

-Ружди.

-Бугарин ли си?

-Да да.

-А тие деца Бугарчиња ли се?

-Даѓ

-Што сакате, тетратки?…, беше еден од разговорите кои ги имаше Виктор Стојанов.

За време на својата посета на Албанија, тој најави дека ќе оствари средби со голем број луѓе во обидот да успее сценариото според кое Македонците од Албанија би се запишале како Бугари.

-Здраво, и ти ли си Бугарин како другите?

-Да бе.

-Ете го гледате човекот и тој е Бугарин. Да видиме понатаму што се останатите луѓе. Сега имаме иницијатива тука со учениците во Острени. Планираме да се видиме со директорите во Големо Острени, после ќе одиме во Требишта и мало Острени, да видиме што се луѓето, затоа што многу пропаганда има на интернет, беше еден од разговорите кои ги имаше Стојанов.

Додека од Бугарија секојдневно на терен гледаме активности за асимилација на македонското население во Мала Преспа, од македонска страна речиси ништо. Видовме само едно видео од канцеларијата на првиот дипломат Бујар Османи

-Ве охрабрувам на претстојниот попис да се охрабрите и слободно да ја изразите вашата етничка, јазичка, религиска и идентитетска припадност, која претставува основно природно право да секој поединец, изјави Османи.

За бугарските притисоци веќе подолго време предупредуваат Македонците од Албанија. Во разговор за Алфа, првиот човек на македонското здружение „Илинден“ Никола Ѓурѓај вели дека нашинците таму живеат во страв и дека јавните закани од бугарска страна може да ги обесхрабрат Македонците да се пишат како Макеонци, затоа што живеат во голема сиромаштија.

–И пред и после пописот заканите од бугарските институции се зголемени.Поради тоа што сите пописи во Албанија нема изјаснети граѓани како Бугари.И оти сега се засили да на овој попис да излезе некаква бројка и они утре да кажат дека има Бугари во Албанија, изјави Ѓурѓај.

За притисоците кон македонско малцинство говореше и претседателот на партијата македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, кој е и пратеник во албанското Собрание. Тој Македонците кои живеат во Пустец, Врбник, Голо Брдо, во последниве години се изложени на агресиивна кампања за асимилација од бугарска страна.

Матеја Петровски