Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Научно – фантастичен е патот да се дознае кој ги напиша спорните одредби во КЗ што експресно минаа во Собрание?

Министерството за правда уште ги крие членовите на работната група која ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за правда уште ги крие членовите на работната група која ги пишувала измените во Кривичниот законик кои на брза лента го поминаа собранискиот филтер. На прашањето на Алфа, кои правници, адвокати, обвинители.. ги пишувале законските измени кои беа повеќе од спорни за јавноста со кои се намалуваат затворските казни за најтешките форми на корупција , ПИ-АР службата во Правда не упати инфомарциите да ги бараме од заменик – министерка Викторија Аврамовска Мадиќ. Алфа и до таму ги постави истите прашања, но досега одговор Аврамовска Мадиќ нема.

Онлајн платформата „Само прашај“, со барање за информации од јавен карактер, го добиле составот на работната група која според заменик-министерката го пишувала текстот за измените. Дел од членовите кои ги контактирала онлјан платформата, демантирале дека работеле на веќе донесените законски измени.  Како претседател е наведен Владо Камбовски кој за медиумот вели дека не бил ни консултиран за измените кои се донесоа.

  • „Категорично тврдам дека оваа работна група што ја предводам не ги подготвила измените. Тие од нашиот нацрт за нов Кривичен законик, кој што е при крај и до крајот на месецов ќе го предадеме на Министерството за правда, го имаат земено делот за еколошки криминал. Останатото е нивно како на пример проширување на конфискација каде што имаат направено дури и грешка“, изјавил Камбовски за „Само прашај“.

Камбовски е дециден дека предлогот што го дава работната група не ги содржи веќе донесени законски изменим, а истото за Алфа го потврдуваат и главниот обвинител на Скопското обвинителство, Гаврил Бубевски и екс-шефицата на Обвинителство за организиран криминал Вилма Русковска, кои се дел од работната група.

Реклама
  • „Немаме никаква врска со измените на Кривичниот законик. Нашата работна група нема ни мандат за подготовка на такви измени. Нашиот мандат е да го подготвиме новиот Кривичен законик “, вели Бубевски.
  • „Не, во тие измени немам учествувано, само во работната група која го спремаше новиот Кривичен законик. Многу непријатно ме изненадија затоа што предлогот на работната група е сосемапоинаков, со истите казни како претходните, само член за некаква корист и штета се отстранува..“ вели Русковска.

Пратениците во еден ден ги донесоа измените на Кривичниот законик со кои се намалува предвидената затворска казна за злоупотреба на службена положба. Oпозициските пратеници не дадоа поддршка и според ова е обид на Владата да ги спаси своите функционери од потенцијално кривично гонење, кога државата е мета на критики за високото ниво на корупција и криминал.

Викторија Миткова