Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Уште една жена од Кочани пријави дека стравува за својот живот, поранашениот партнер ја малтретирал со години

„Се плашам дека јас ќе сум наредната жртва!„ – вака, со овие…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Се плашам дека јас ќе сум наредната жртва!„ – вака, со овие зборови, по свирепото убиство во Кочани, жена од истиот град побарала помош од штипската организација ЕХО. Кочанчанката неколку години живее во страв и притисок од својот демнач. Плашејќи се за својот живот нејзиниот идентитет нема да се  открие, но затоа пак нејзин гласноговорник ќе биде ЕХО, организацијата која извесен период се бори за да ја заштити.

  •   „Жената се јави во попладневните часови, беше многу вознемирена бидејќи поради некој сплет на околности и самата го видела мртвото тело на убиената жена на улица. Била вознемирена и она што таа нас ни го кажа е дека се плаши дека и таа може да биде следна жртва на таков фемицид, такво свирепо убиство. Инаку е жртва на демнење подолг период„ вели Благица Киров, правник во граѓанската организација ЕХО од Штип.

Агонијата и секојдневниот страв  почнува откако жената решила да стави крај на нивната врска. Тогаш мажот на кој му верувала се претворил во демнач. Насилникот е веќе условно осудуван за демнење. И покрај тоа што му се изречени три привремени мерки за заштита од семејно насилство, истиот ги крши и  продолжува психички да ја малтретира жената. Таа пријавила дека мерките не ги почитува и демнењето продолжува .

  • „Повеќе пати го има пријавувано. Мислам дека 6 кривични пријави има заработено демначот, според изјавите на жртвата. Се уште нема судска постапка. Се уште е во фаза предметот кај јавен обвинител и јас во име на организацијата ЕХО ја користам приликата јавно да апелирам до надлежните институции посебно до Јавното обвинителстви, па понатаму и до Основниот суд, да се забрзат сите постапки и да се изречат соодветни кривични санкции и за кршење на мерките и за непочитување на судските одлуки„ изјави Киров

За ситуацијата да биде уште побизарна вчера од полиција жената добила известување дека ќе добие пријава поради нарушување на јавниот ред и мир. Сакајки да се одбрани,  демначот ја пријавил и сега таа се соочува со прекршочна пријава.

Реклама
  • „Апсурдноста е таму дека ако институциите навремено реагирале во овој случај немало ни да дојде до нарушување на јавен ред и мир . Немало да дојде до настан жената да мора да се брани на јавно место„ изјави Киров.

Од ЕХО алармираат, дека во ваквите случаеви е многу важно брзо и навремено да реагираат институциите за да не се повтори случајот од вчера кога 46годишна жена беше убиена пред домот во кој живеела. Според закон, затворска казна се предвидува и за демнење. 

Александра Ристеска