Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Повисоки пензии или оставки, протест на пензионерите пред Владата

Разочарани, изнемоштени, болни, гладни, огромна бројка на пензионери  својот револт за малите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Разочарани, изнемоштени, болни, гладни, огромна бројка на пензионери  својот револт за малите пензии го истурија пред Владата. Со апарати за притисок, чадори за сонце и желба за подобро утре пензионерите од речиси цела Македонија своите барања ги претставија пред македонската јавност.

Велат сакаат линеарно покачување на пензиите од 3500 денари,а не процентуално, или минималната пензија да биде 18 000 денари, нова методологија и достоинствен живот. Посочија дека ова е прв пат во независноста на Македонија да излезат на улица, бидејќи мора да бираат дали да купат лек или леб.

Револтирани се од покачувањето на платите на функционерите, велат дека не може државата за некого да е мајка, за некого маќеа. Бараат оставки од Владата, за која како што посочуваат, треба да биде чувар на граѓаните, а не џелат за сиромасите.

Реклама

Пензионерите од говорницата поставена пред Владата уште еднаш упатија и апел за нов претседател на Сојузот на здружение на пензионерите, затоа што според нив, сегашната претседателка Станка Трајкова не ги застапува нивните интереси.

Инаку министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска завчера најави дека до крајот на месецот очекува конкретни предлози во однос на пензиите, со фокус на пензионерите со ниски месечни примања, а за што изминатиот период заседаваше работната група формирана по првиот протест на пензионери во Скопје.

Мери Симоновска