Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

По Калајџиев и Камбовски и Тасева бараат примена на правото за Јанакиески

Експертската јавност гласна, одбраната на Јанакиески со право бара спојување на притворите,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Експертската јавност гласна, одбраната на Јанакиески со право бара спојување на притворите, екс министерот за транспорт и врски веќе си ја има отслужено затворската казна за која е спроведен во Идризово.

Не стивнуваат реакциите на правниците, експертите, професорите, адвокатите кои последното носење на Јанакиески во затвор го сметаат за недоветно.

Академик Камбовски вели судот во изречената казна затвор мора да го засмета и дотогаш одредениот притвор.

Реклама

Со првата правосилна пресуда, изречена за кое било дело, судот мора да го засмета во изречената казна затвор дотогаш одредениот притвор, односно куќниот притвор и неговото времетраење. Тоа не исклучува во следна, втора, трета итн. правосилна пресуда да се изврши натамошно засметување на времетраењето на притворот, односно куќниот притвор, во делот кој не е засметан во претходно правосилно изречена казна затвор.

Камбовски посочува дека ова толкување на случајот Јанакиески не само што одговара на духот и целта на одредбите од КЗ и ЗКП, согласно методот на телеолошко толкување, туку се потпира и врз базичниот принцип на казненото право во однос на толкувањето на законите: секогаш кога постои двоумење треба да се одлучува, односно нивните одредби да се толкуваат во корист на обвинетиот“, се вели во изјавата на Владо Камбовски.

На Јанакиески му е изречена затворска казана за случајот Титаник во времетраење од 3,5 години, а екс министерот во притвор одлежа 4.5 години, што значи доколку му се спојат притворите, тој воопшто не ни треба да биде во затвор.

Универзитетската професорка и правник, Слаѓана Тасева порачува дека судот може и треба да ги спои притворите на Миле Јанакиески од сите предмети за да му се засметаат во казната за „Титаник“. Таа посочува дека за тоа се потребни добри познавачи на правото – а судиите треба да се токму тоа. Сличен став има и професорот Калајџиев.

Колегата Гордан Калајџиев како и многу пати досега, на време и со право укажува на тоа дека правната практика треба да се менува во насока на соодветна примена на правото и правдата. Се согласувам дека за тоа се потребни добри познавачи на правото, но судиите би требало да се врвни правници, теоретичари и практичари. Да се надеваме дека дилемите ќе ги разрешат во струката и надвор од влијанието на јавното мислење“, порача Тасева.

Инаку за случајот „Титаник“ Миле Јанакиески од Апелација доби правосилна пресуда од три и пол годни затвор, откако претходно првостепено беше осуден на четири години и шест месеци. Неговата одбрана бара тој да излезе од Идризово и досегашниот период поминат во затворски и куќен притвор да му се засмета во казната, што е и законски предвидено.

Мери Симоновска