Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Министерката за финансии не дава по 15.000 денари за полицијата

Министерката Нина Ангеловска не дава пари за награда на полицајците и вработените…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката Нина Ангеловска не дава пари за награда на полицајците и вработените во МВР. Се правда дека буџетот веќе бил скратен, односно од МВР, министерот Наќе Чулев се согласил да биде скратено од  МВР, па оттука не можело сега да бара по 15.000 да им се даде на вработените во полицијата. За барањето на министерот Чулев на вработените во МВР лиенарно да им се исплатат пари како награда за заложбата и несебичната пожртвуваност и професионалност за време на корона кризата, Анѓеловска слушнала од медиумите. Денеска пресече, пари не дава, оти не само полицијата и други заслужувале награди вели таа.

-Јас верувам дека сите членови на Владата ги знаеме реалните можности и дека сите до еден и оваа Влада ќе се залагаат да ги награди сите кои заслужиле кога ќе ја имаме контролата врз вирусот – изјави  Нина Анеловска министерка за финасии.

На одлката на Ангелеска стигна остра реакција од министерот за внатрешни Наќе Чулев.

Реклама

„Изјава на Ангеловска е уште еден доказ за негрижата на Владата предводена од Оливер Спасовски за вработените во Министерството за внатрешни работи. Министерката Ангеловска денес го кажа тоа што во суштина го мисли Оливер Спасовски.Токму Оливер Спасовски во изминатиот период постојано потенцираше дека стандардот на полициските службеници е важен, но веројатно само кога тој е на чело на Министерството за внатрешни работи. Грижата за нив и за нивните плати заврши во моментот кога тој замина од Министерството за внатрешни работи. За Оливер Спасовски и министрите во Владата маргинален е фактот дека полициските службеници, деноноќно и неуморно застанаа во одбрана на здравјето на граѓаните на нашата држава“ – е ставот на Чулев.

Од буџетот на МВР се скратени околу 5 милиони евра и тоа по барање токму на Анѓелеска вели министерот за внатрешни Наќе Чулев. Министерот скратил пари од ставките „капитални расходи“ и „стоки и услуги“ за намалувањето на буџетот да има најмал негативен ефект врз вработените во полицијата.

 

Катерина Гетева