Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Кој ја следи опозицијата? Обвинителството чека кривична за постапат по случајот

Кој ја следи опозицијата – прашање на кое одговор се’уште нема. Од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кој ја следи опозицијата – прашање на кое одговор се’уште нема. Од обвинителството не отвориле истрага по допрен глас, ниту пак ги повикале потпретседателот на опозицијата Александар Николовски, и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски кој велат дека биле следени, да дадат изјава во обвинителството. Од обвинителството само кусо одговараат дека ќе постапеле доколку биде поднесена кривична пријава со податоци кои даваат основи на сомнение за сторено конкретно кривично дело.

Во неколку наврати првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ предупредија дека телефонски, но и физички се следени.
Николоски обвини дека тајните служби го следат и прислушуваат врвот на партијата.

„За тоа што не следат тајните служби ќе има одговорност. На овие парапортали ние гледаме дека сме следени од службите на Република Македонија. Врвот на ВМРО-ДПМНЕ и нашите семејства во моментов се под физичка опсервација и телефонски следени. Алармирам во јавноста. Каде да алармирам? Како СДСМ секогаш чекор пред нас знае што ќе направиме, а тоа се од телефонски разговори меѓу функционери на ВМРО-ДПМНЕ?, вели Николовски.

Реклама

Во интервју за неделникот Фокус, Мицкоски наведе дека бил следен и отворено побара одговор чија пара-партиска структура го следи. Тој е убеден дека власта е исплашена па тврди дека организирала негово следење.

Само ќе споменам за кус период дека бев исто така предмет на хајка на организирани лажни вести кога се појави снимка од моето наводно вежбање од една друга теретана, па се појави фотографија од моето искачување на Водно, и ова најновото што го споменавте. Очигледно власта е исплашена па мора да организира следење на лидерот на опозицијата. Но во исто време не е проблем да продолжат со крадењето на државниот буџет и да не прават ништо во однос на економската криза. И секогаш кога сакаат да покријат некоја друга тема се вртат кон лажење и тоа е слабост, а не нивна предност, вели Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Mицкоски и во јули минатата година тврдеше дека бил следен, но од тогаш до сега надлежните, според информациите во јавноста немаат превземано ништо во врска со тој случај.

Мери Ѓорѓиевска