Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Свет

Вакцината за Ковид 19 дава позитивни резултати во Америка; СЗО: “Доаѓа втор бран на пандемијата, не е време за прославување”

Четиридневен полициски час во Турција за време на Рамазан Бајрам. Турскиот претседател…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четиридневен полициски час во Турција за време на Рамазан Бајрам. Турскиот претседател Ердоган рече дека се надева оти нема да се потребни строги ограничувања по тој полициски час, од 23 до 26 мај. Наместо целосна забрана за движење, Турција се одлучи за полициски час за време на викендите и празниците, плашејќи се од негативни последици за економијата.

Италија, првата земја што прогласи карантин пред два месеци, ја започна втората фаза на олеснување на мерките. Иако угостителството и туризмот полека се враќа во нормала, сопствениците на многу бизниси се загрижени. Коронавирусот ја фрли италијанската економија на колена. Владата соопшти дека ќе ги отвори италијанските граници кон Европа и ќе дозволи слободно движење помеѓу италијанските региони од 3 јуни, но никој не очекува туристите да влетаат во ранетата Италија.

Доналд Трамп се закани дека трајно ќе ја запре финансиската поддршка за Светската здравствена организација доколку таа не се подобри во наредните 30 дена. Во писмото кое тој го објави на твитер, вели дека единствениот пат напред е ако СЗО може да демонстрира независност од Кина.

Реклама

Американската вакцина против Ковид 19 даде првични позитивни резултати од тестирањето. Истата може да го зајакне имунитетот, односно создава антитела кои можат да го неутрализираат вирусот, јавува Би би си.

“Европските земји треба да се подготват за нов смртоносен бран бидејќи пандемијата не е завршена”, порача шефот на СЗО за Европа. Тој упати сериозно предупредување до земјите што ги олеснуваат мерките потенцирајќи дека сега е време за подготовка, а не за прославување.

За време на карантинот во Аргентина воведен поради пандемијата со Ковид-19, убиени се 50 жени, што е највисока бројка во последните десет години. Жената е изолирана заедно со насилникот, кој ја напаѓа. Така затворена, често не може ниту телефонски да се јави, посочуваат од  феминистичката група во Аргентина.

Земјата каде започна епидемија со Ковид 19 повторно пријавува нови случаи.  Регистрирани се шест пациенти , од кои еден е во градот Вухан, соопшти Националната здравствена комисија. Новиот фокус на вирусот ги принуди кинеските власти да воведат строги мерки за изолација на северо-истокот на земјата, така што повеќе од 108 милиони луѓе моментално се наоѓаат во нов карантин, пишува агенцијата Блумберг. Како што се пренесува, строгата блокада е на сила во Шулан, а дозволено е на секои два дена само еден член на семејството да го напушта домот во траење од два часа. Влезовите и излезите од градот, како и од околните градови и села се затворени. Кинеската агенција не го наведува точниот број на луѓе во карантин, ниту, пак, очекуваното траење.