Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Македонија

Деркоски: Најлегитимно би било изборниот процес да почне од почеток

Избори во време на пандемија се опасни за здравјето на граѓаните. Ако…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Избори во време на пандемија се опасни за здравјето на граѓаните. Ако се спроведат во вакви услови стравот ќе биде присутен и тоа ќе влијае на помала излезност,смета претседателот на ДИК Оливер Дерковски. Првиот човек на Државната изборна комисија верува дека сите партии нема да дозволат овие работи да им го намалат легтимитетот на евентуалната изборна победа. Деркоски посочува дека откако ќе биде определен новиот изборен датум изборните рокови треба да почнат од почеток. 50 до 60 дена ќе и бидат потребни на ДИК за спроведување на изборите.

“Разговаравме за ситуација на пример кога во 2016 година се одложија изборите два три пати сугерирано ми беше дека најдобар и најлегитимиен начин би било целиот процес одново да се започне. Истите денови се потребни за организација на процесот. Нема на никого да му дадеме право да го делегитимира изборниот процес”, вели Деркоски.

Во услови кога вонредната состојба завршува на 16 мај дури и веднаш потоа да биде одреден нов изборен датум најоптимистичката варијанта за одење на избори е средината на јули посочува Дерковски. Иако неизвесно е колку до крајот на летото би се озолободил амбиентот за изборно соочување.

Реклама

“Најоптимистичката варијанта е почетокот или средината на Јули затоа што има една работа која мора да ја знаат сите. Треба да се провери повторно избирачкиот список. Изборнбиот законик вели дека право на глас имаат сите кои до денот на изборите имаат наполнето 18 години”, вели Деркоски.

Политичките партиии пак се со различни размислувања. Заев сака брзи избори меѓу два пика на ковид-19. Додека за Мицкоски изборите не се приоритет иако е убеден во изборната победа. Фактот дека и на ДУИ и Талат Џафери не им се брзаше и со свикување на седница на собранието може да го остави Заев сам во намерите за брзи избори. За сите варијанти се очекува да се разговара и на лидерската средба кај Пендаровски следната недела.

Власта инсистира на избори иако речиси секојдневно во Македонија има нови заразени и починати од корона вирус. Последните бројки презентирани во јавноста говорат дека има 12 новозаразени од корона вирус за 48 часа иако не се работи за масовни тестирања. Фактите например од Дебар покажуваат дека масовниот скрининг покажува колку луѓе со симптоми толку и асимптоматски случаи.

Бројни експерти ки изминатиов период ги консултираше Алфа беа со став дека нема гаранција за фер изборен процес во држава која до последен момент користи мерки како полициски час.

Македонија заедно со Србија е редок пример каде се размислува за избори. Од друга страна бројни европски мерки како Франција и Полска ја продолжија вонредната состојба.