Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Македонија

Мали конкурентни лиги со ограничен број на странци, за концентрација на квалитетот и подобра искористеност на финансиите во спортот

Веќе два месеца во фокусот на сите нас се здравствените и економските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Веќе два месеца во фокусот на сите нас се здравствените и економските проблеми предизвикани од пандемијата со Корона вирусот COVID 19 и незапеметените мерки за дистанцирање, самоизолација и карантини. Спортот како и многу други области од нашето живеење беше ставен настрана и далеку од приоритетите. Со привршувањето на епидемијата барем на првиот нејзин бран природно се наметнуваат прашањата како понатаму?

Додека сите во блиското и подалечното наше опкружување цело време се подготвуваа за крајот на епидемијата и враќање на спортот на спортските терени, нашите институции сеуште немаат никаква идеа што и како во блиска и подалечна иднина.

Министерството за здравство и Агенцијата за млади и спорт немаат подготвено никакви протоколи за начинот и условите под кои ќе се одвива тренажниот процес или натпреварувањата, нити идеа за датумот од кога тоа ќе биде можно. Како и за се друго, доцниме во сите области и гледајќи што другите прават, се обидуваме задоцнето да ги копираме туѓите мерки, кои се прилагодени за некои други услови и карактеристики, на некои други спортски системи од кои ние сме многу далеку.

Реклама

Освен овој дел на прашање за рестартирањето на спортот и условите под кои ќе се изведе истиот, многу поголем проблем претставува начинот како ќе заврши оваа натпреварувачка сезона и перспективите за организацијата на националните натпреваарувања идната сезона, од аспект на бројот на клубовите во лигите и финансирањето на истите, а имајќи ја предвид економската криза и рецесијата која е неминовна во идниот период.

Јасно е дека фирмите кои го поддржуваат спортот ќе немаат можност да издвојат средства и во 2020 година ретко која ќе прикаже добивка, а и ако тоа се случи тоа ќе бидат мали добивки.

Со тоа основот за финансирање на клубовите и федерациите со средства од данокот на добивка преку ваучерите, во оваа и идната година е речиси невозможен и тешко изводлив. Радува фактот дека најголемите федерации од колективните спортови се свесни за тоа што не очекува во индите година и половина, но најавите за форматот на лигите за сезоната 2020/21 не кореспондираат со тоа што го зборуваат и јавно кажуваат.

Федерациите мораат многу по храбро да пресечат за некои прашања кои ги поставуваат клубовите и да се водат од интересот на македонскиот спорт и реалните можности и квалитет во моментот , а не од желбата на некои клубови или лични амбиции на поединци. Со оглед на слабиот квалитет на нашите лиги и намалените финансии, проширувањето на лигите само ќе го разводни и така малиот квалитет и основа за финансирање на спортот.

Зари тоа потребно е намалување на бројот на екипите во Првите лиги секаде каде тоа е можно или задржување на постојниот број, намалување и ограничување на бројот, а во некои лиги посебно во женскиот спорт забрана на странците во првенствата со можност за странци само на европска сцена. Со тоа вторите лиги ќе бидат многу покомпетитивни и ќе дадат шанса на младите играчи да созреат и да бидат основа на развој на начиот спорт во блиска иднина.

Доколку ова не се случи тоа ќе значат уште две изгубени години, залудно потрошени средства и изгубени таленти за нашиот спорт. Само на овој начин по оваа криза, нашите слабости во спортот, можеме да ги направиме наши позитивн и силни страни – порачува Доц. Д-р Влатко Неделковски.