Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Македонија

Не доликувало да се гази по сонцето од Кутлеш, кривопаланчани ќе чекорат по лик на светец

Сонцето од Кутлеш, симболот на македонската држава, згасна и на плоштадот во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сонцето од Кутлеш, симболот на македонската држава, згасна и на плоштадот во Крива Паланка. Задоволувањето на грчките апетити изгледа е поважно од се. Доказ за тоа е брусењето на сонцето од Вергина за време на празничен ден и среде полициски час.

Градоначалникот Борјанчо Мицевски за Алфа вели , симболот ќе бил заменет со општинскиот грб – светецот Јоаким Осоговски. Ако е срамно да се гази знамето со Вергина дали не е срамно да се гази светец? Мицевски кажа две различни изјави.

За начинот на отстранување на симболот жестоко реагираше екс градоначалникот на К.Паланка Арсенчо Арсовски.

Реклама

“Кога го градевме плоштадот “Карпошово востание” го градевме и се гордеевме со тоа. Се гордеевме како паланчани не како членови на политички партии. Сега на нaјподмолен начин во време на полициски час го откорнувaш сонцето на вергина од градскиот плоштад и тоа онака, подaнички и прeдавнички баш како што ти личи. Си го покажувате правото лице„ ) – напиша на Фејсбук Арсовски.

Истовремено, Владата од општините бара “да ја исконтролираат состојбата” со сонцето од Кутлеш веднаш?! Електорнска пошта на Владата што веќе се споделува на социјалните мрежи потврдува дека – брусењето на сонцето од Кутлеш е по налог директно од Генералниот секретаријат на Владата.

“Ваша обврска е од секоја урбана и месна заедница по петмина вработени да излезат на терен и да ја исконтролираат состојбата околу симболот, односно каде е поставено, испишано дали е по капаците на шахтите, трансформатори, фасади и објекти и секаде каде што ќе го забележите, а е на јавен простор.По увидот , направете листа со локација и испратете ни ја на мејл до среда „– се вели во допис од Општина Карпош.

Процесот на бришење на сонцето од Кутлеш започна од скопските шахти.На околу петнаесеттина општини во земјава – Свети Николе, Могила, Виница, Македонска Каменица, Новаци, Илинден, кои во оригиналната форма го имаа сонцето од Кутлеш по насока од Владата направија измени на сите јавни места каде го имаше 16-кракото сонце.

 

Ања Василева