Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Македонија

Изборниот процес да продолжи по уредба на Владата е спорен и за Пендаровски

Брзи избори во јуни или јули по желба на СДСМ, се спорни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Брзи избори во јуни или јули по желба на СДСМ, се спорни и за шефот на државата Стево Пендаровски. Тие бараа изборниот процес да продолжи со завршување на вонредната состојба, но и Пендаровски на линија како и експертите, што се однесува до уредбата на владата, за продолжување на изборните дејствија. Според него постојат правни размислувања дека уредбите важат додека има вонредната состојба, потоа мора да ги потврди парламентот. Според Пендаровски, Уредбите на Владата имаат сила на закон, но Владата има законодавна моќ само додека има вонредна состојба.

– Не би сакал да им наметнувам нови задачи од областа на правото на овие што се правници од власта и од опозицијата, меѓутоа, постои размислување дека уредбите со законска сила важат додека важи вонредната состојба. Потоа, за да евентуално продолжат да важат треба Собранието да ги потврди. Ако ги потврди ќе продолжат да важат, ако не, нема да важат. Тоа е едно од правните мислења кои ми го кажуваат, ми го советуваат тие што мене ме советуваат во правната сфера. Не велам дека тоа е дефинитивна вистина, меѓутоа, само сакам да го кажам тоа – вели претседателот Пендаровски.

Претседателот на Собранието Талат Џафери одбива да го свика парламентот, бидејќи тој веќе е распуштен, ова беше и причината Пендаровски на 16 април да прогласи вонредна состојба по втор пат, што беше спорно за универзитетската правна фела, бидејќи го обвинија дека го рпекришил Уставот. Сега, за нови 30 дена вонредна состојба претседателот вели дека ќе размисли два пати.

Реклама

– Не сум сигурен дека ако трендовите во однос на Ковид се стабилизираат и генерално попуштаат и според првичните проценки и мерките за ограничување на движење, за реотворање постепено на бизнисите, не сум сигурен дека и во таква ситуација ќе решам – еве ви нови 30 дена, еве ви нови 30 дена и не се секирајте, јас постојано ќе давам нови 30 дена, бидејќи вторите 30 дена беа дадени или утврдени затоа што мораше, истакна Пендаровски.

Вонредната состојба истекува на 16 мај, Пендаровски најави нова лидерска средба за 10 – тина дена, откако претходно на тоа иниситираше лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Катерина Гетева