Реклама

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Македонија

Продолжениот викенд без целосен карантин, почнува казнување за неносење маска и групирање над двајца

Граѓаните може да здивнат, продолжениот викенд нема да го поминат во целосен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните може да здивнат, продолжениот викенд нема да го поминат во целосен карантин. На први, втори и трети мај надвор од своите домови ќе смеат да излезат од 5 до 14 часот. Но, сепак нема да ги има традиционалните првомајски скари. Од 30 април почнува казнувањето за групирање на повеќе од двајца. Ќе се казнува и неносењето на заштитна маска, како во затворен, така и на отворен простор, доколку не може да се држи дистанца.

Ваквиот полициски час е контра она што го бараше министерот за здравство Венко Филипче и кризниот штаб, кој беа за целосен карантин од четврток во 19 часот до понеделник во 5 часот наутро.

За најголем број од граѓаните тродневниот полициски час како оној за Велигден ќе беше грешка, која пред се лошо влијае на психичкото здравје на луѓето.

Реклама

Сепак дел и поддржуваа поригорозни мерки, велат биле за доброто на граѓаните.

Дали ќе има укинување на полицискиот час од понеделник, како што веќе подогло време се шпекулира, се уште останува непознато. Филипче вели треба да се види какви ќе бидат бројките наредните денови, за да се знае што ќе биде препорачано.

-И до крајот на оваа недела, меѓутоа и почетокот на следната недела ќе биде многу битна за тоа какви ќе бидат препораките понатаму. Сега засега полицискиот час апсолутно останува, изјави Филипче.

Посебен полициски час останува на сила за младите под 18 години и постарите над 67. Пензионерите ќе смеат да ги напуштат своите домови од 5 до 11 часот, додека малолетниците од 12 до 14.

 Матеја Петровски