Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

МФ: Вонреден надзор – забрана од 30 дена за две финансиски друштва да издаваат кредити

Министерството за финансии ссоопшти дека спроведе вонреден надзор над работењето на финансиските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за финансии ссоопшти дека спроведе вонреден надзор над работењето на финансиските друштва и изрече привремена забрана за одобрување кредити во времетраење од 30 дена и глоба согласно законските прописи на две финансиски друштва.

Вонредниот надзор е спроведен во последните три месеци постапувајќи по пријави од граѓани при што презеде соодветни мерки согласно законските прописи, наведуваат од МФ.

Министерството за финансии укажува дека спроведува континуиран надзор над работењето на финансиските друштва. Притоа од јули 2024 година  има изречено мерка за одземање четири дозволи за работа на финансиски друштва, привремено затворање на три финансиски друштва, глоби на 18 финансиски друштва во вкупен износ од 3.040.323 денари или околу 49.400 евра, како и 58 писмени наредби со рокови за отстранување на утврдените неправилности.

Реклама

Надзорот над финансиските друштва се спроведува согласно Законот за финансиските друштва и подзаконските акти, преку континуирано вонтеренско следење и непосредни контроли. Активностите на финансиските друштва се следат континуирано при што особено внимание се посветува на претставките, пријавите и информациите доставени од граѓаните, како значаен извор на сознанија за работењето на овие субјекти и за евентуалните ризици за корисниците на финансиски услуги. При тоа, секоја претставка или пријава доставена до Министерството за финансии се разгледува во рамките на неговите законски надлежности и во зависност од содржината и наводите, се преземаат соодветни активности.

Надзорот и засиленото следење на работењето на финансиските друштва, продолжува и во иднина, со цел унапредување на законитоста и транспарентноста во работењето и зајакнување на заштитата на граѓаните како корисници на финансиски услуги.

Министерството за финансии ги охрабрува сите граѓани кои сметаат дека се оштетени или имаат сознанија за неправилности во работењето на финансиските друштва да поднесат пријава. Пријавите може да се достават преку архивата на Министерството за финанси, по пошта на адреса ул. „Даме Груев“ бр.12 Скопје и на електронската адреса: [email protected].